Професорот Росоклија со пост на социјалните мрежи во кој констатира дека амбасадорите што можат самостојно да мислат не ги праќаат на Балканот и сигурно не во Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 6 ноември, 2018 8:23

Росоклија и францускиот “тапанар”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Надворешниот член на МАНУ, професор – доктор Горазд Росоклија, кој работи на Универзитетот Колумбија во САД, на социјалните мрежи со став по однос на т.н. амбасадорска заедница.

Тој смета дека во Македонија има само еден амбасадор (мислејќи на Џес – чадорот од скопско Кале – Бејли) додека сите останати се меѓународна заедница.

Професорот Росоклија појавата на францускиот амбасадор во Македонија ја искоментира во следниот пост:

Која Франција ја претставува овој Tапанар (значење и превод на името Тимоние)?

Сигурно не Франција која е горда на декларираните принципи кои се во основите на француската република: слобода, еднаквост, братство (за сите луѓе).

Ниту ја претставува Франција на интелеклтуалниот врв на светот, во која учев и специјализирав.

Но, постои и Франција на ОАС (Organisation armée secrète) во која овој карактер, со неговиот ментален склоп и размислување кое ги негира основните принципи на француската република, совршено се вклопува.

Ваквите европски амбасадори се наша судбина.

Тие што можат самостојно да мислат не ги праќаат на Балканот и сигурно не во Македонија.

Ниту пак тие што имаат креативна мисла би прифатиле да дојдат.

Во Македонија има еден амбасадор, сите други се кловнови во еден циркус наречен ,,меѓународна“.

Колку поглупав, толку попослушен, а за да слушаш, навистина треба да си без достоинство.

Пред достоинство треба да ставам личност (без достоинство) ама кај вакви карактери тоа не е возможно.

Само еден европски амбасадор со лична чесност, би им го растурил системот и затоа државите кои брутално, нецивилизирано, срамно ни ја кројат судбината, праќаат вакви. – напиша професорот Росоклија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој прокоментира за трговската ознака, и вели дека ние треба да бидеме многу понастојчиви и политички, не само правно. Потсетува дека за тоа е формиран тим од експерти од двете страни, кој треба во рок од три години да донесе решение за ознаките за се што се извезува од нашите две држави во светот.

Пендаровски: На албанците името Македонија, идентитетот и јазикот македонски, не им значи!

Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера во интервју за емисијата Само вистина...

Златев за пример го посочи Доналд Трамп кој ги обвинува медиумите кои се критички настроени кон него и неговата политика. Се расправа со „CNN“, се расправа со „New York Times“, ги обвинува за ширење на „Fake News“.

Златев: Реагираат на мене бидејќи им ги откривам скандалите!

Новинарот иглавен и одговорен уредник на порталот ЕкономскиЛидер, ЉупчоЗлатев, во...

Не обвинија само поради тоа што си ја сакаме Македонија. Секој ден сме бомбардирани со лажни вести и афери.

Мизрахи: Ќе ставиме крај на ЗАЕВИЗМОТ- не обвинија бидејќи си ја сакаме МАКЕДОНИЈА

Разрешената министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи на социјалните...