Ова е 101-от освоен турнир во кариерата на Федерер, од тоа 28 од серијата „мастерс 1000“ и тоа во 50 финалиња, а во Мајами славеше по четврти пар, по 2005, 2006 и 2017 година.

Објавил: Перо Милчин | 31 март, 2019 22:00

Роџер Федерер во Мајами ја освои 101-та титула во кариерата!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Швајцарецот Роџер Федерер е победник на АТП турнирот во Мајами, откако во финалето го совлада бранителот на титулата Американецот Џон Иснер со 6:1 и 6:4 за само час и три минути игра.

Роџер Федерер во првиот сет трипати му го одземаше сервисот на Иснер, додека кон крајот на вториот сет Американецот почувствува болка во колкот што го оневозможи нормално да сервира во последниот гем од дуелот кога Федерер оствари „брејк“ со кој го заврши финалето.

Ова е 101-от освоен турнир во кариерата на Федерер, од тоа 28 од серијата „мастерс 1000“ и тоа во 50 финалиња, а во Мајами славеше по четврти пар, по 2005, 2006 и 2017 година.

Роџер Федерер e професионален швајцарски тенисер, кој успеал да остане на АТП листата рекордни 237 последователни недели, а вкупно повеќе од 310 недела, што исто така претставува рекорд. Од 3 март 2019 тој е рангиран на четврти место од страна на Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП). Многу тениски критичари и негови колеги, го сметаат за најдобар тенисер на сите времиња.

Федерер е рекордер по бројот на освоени титули на Гренд слем турнирите, 20 (6 на Отвореното тениско првенство на Австралија, 1 на Ролан Гарос, 8 на Вимблдон и 5 на Отвореното тениско првенство на САД). Тој исто така има освоено и 15 турнири од АТП Мастерс серијата, 4 турнири од Мастерс серијата и златен медал во игра на двојки, заедно со Станислас Вавринка на Летните олимписки игри – 2008, одржани во Пекинг.

Федерер држи и многу други рекорди, меѓу кои најзначајни се 10 последователни учества во финалните мечеви на Гренд Слем турнирите (од Вимблдон 2005 до Отвореното првенство на САД во 2007), како и 20 последователни учества во полуфиналните мечеви на Гренд Слем турнирите (од Вимблдон 2004 до денес).

Тој, исто така е и тенисерот со најголем број на победи на трева (65) и тврда подлога (56) во историјата на отворената ера во тенисот. Со победата на Ролан Гарос во 2009, Федерер стана шестиот тенисер кој победил на сите 4 Гренд Слем турнири.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис

Имено тој и овој пат покажа дека иако веќе има достигнато светска слава, знае да остане присебен. Ѓоковиќ кој во моментот е во Белград заедно со своето семејство вчера вечер направи потег кој децата од неговото маало сигурно нема да го заборават никогаш.

Ѓоковиќ воодушеви со овој потег : Светскиот број еден играл тенис со децата од неговата зграда (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ е миленикот на женската публика, и тенисерот број еден на кој е горда...

Победата на Австралија Опен утре ќе му донесе и враќање на првото место на АТП Фокс, каде ќе го престигне Шпанецот Рафаел Надал.

Новак е апсолутен господар во Австралија: Ѓоковиќ го сомле Тим и се закити со 8- ми Грен слем во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ повторно се искачи на врвот во Мелбурн и по осми пат во својата кариера...

Ноле беше посебно среќен поради начинот на кој функционира неговиот сервис, на конференцијата за медиумите покрај прашањата за играта, имаше и неколку интересни прашања поврзани за својот начин на живот.

Сите го критикуваа, но тој остана цврст и се уште најдобар:Ѓоковиќ конечно откри зошто не јаде месо!

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во 4. коло во Австралија опен каде ќе се соочи со дуелот...