РСБСП ги потсетува возачите да ги подготват своите возила за возење во есенски и зимски услови, со особен акцент на следното:

Објавил: Сара Фемина | 8 ноември, 2021 11:20

РСБСП: Подгответе го возилото за возење во зимски услови

Фото/Текст извор: ©магазин

Временските услови влијаат на безбедното одвивање на патниот сообраќај и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни, одговорни и подготвени за безбедно управување на возилото при услови на влажни коловози и пониски температури при есенски и зимски услови на патиштата.

РСБСП ги потсетува возачите да ги подготват своите возила за возење во есенски и зимски услови, со особен акцент на следното:

• НАМАЛЕТЕ ЈА БРЗИНАТА.  Во услови на ниски температури и обилни врнежи од дожд или снег, појавите на голомразица на патот, влажни и лизгави коловози се очекувани, особено доколку патувате во раните утрински или доцните вечерни часови. Затоа бидете внимателни, прилагодете ја брзината според условите на патот и запомнете дека најважно од сѐ е живи, здрави и безбедни да пристигнете на посакуваната дестинација.

• ДРЖЕТЕ БЕЗБЕДНО РАСТОЈАНИЕ. Лошите временски услови и непогодната состојба на коловозите влијаат на сопирачкиот пат на возилото. Затоа,  држете безбедно растојание и внимавајте на однесувањето на другите учесници во сообраќајот.

• БИДЕТЕ ПРЕДВИДЛИВИ. За безбедно одвивање на сообраќајот при дожд, влажни и замрзнати коловози особено е важно вашите постапки во сообраќајот да бидат најавени, очекувани и предвидливи. Согласно тоа, редовно користете трепкачи и избегнувајте нагли дејствија, како нагло свртување, нагло запирање, успорување или забрзување на возилото.

• ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО ВО УСЛОВИ НА МАГЛА. Секогаш кога се движите низ магла, прво намалете ја брзината и вклучете ги соборените светла и светлата за магла (доколку поседувате такви светла). Почитувајте ги ограничувањата на брзината и не престигнувајте други возила сè додека вашето видно поле не стане чисто и прегледно, а вашето престигнување безбедно.

• НАПРАВЕТЕ ТЕХНИЧКА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛОТО. При есенски услови на патот посебно важно е да управувате технички исправно возило. Искуствата покажуваат дека при пониски температури и влажни и лизгави коловози  на површина излегуваат сите неисправности на возилото. За ваша безбедност, за безбедно и непречено пристигнување на посакуваната дестинација, направете  редовна зимска проверка на возилото со посебен акцент на проверка на системот за управување, системот за запирање, пневматиците, електрониката и сл.

РСБСП уште еднаш потсетува дека безбедноста во сообраќајот зависи од секој од нас и доколку сите бидеме внимателни и одговорни во сообраќајот и ги почитуваме сообраќајните правила и прописи, тогаш бројот на сообраќајни незгоди и бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди значително ќе се намали. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАНИЕ: Влажни коловози на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот...

Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

Силни врнежи од снег на Плетвар, воведена забрана за камиони

Поради интензивни врнежи од снег, преку планинскиот превој Плетвар од превентивни...