Москва ќе го намали бројот на американските хартии од вредност кои ги поседува како одговор на новите санкции воведени од САД изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов.
“Русија се повеќе ќе ја користи рубљата и други валути вклучувајќи го и еврото наместо американските долари во своите тргувања.” – истакна Силуанов.
САД воведоа нови санкции против Русија поради нејзината наводна одговорност за труење на поранешниот шпион Сергеј Скрипаљ и негобата ќерка Јулија во британскиот град Солзбери.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.