
Свет
Анализа
Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот рече дека првата вакцина во светот против коронавирус е регистрирана во Русија!
Според руската новинска агенција Тас, Путин го најави ова на состанокот со членовите на руската влада.
„Колку што знам, првата вакцина во светот за коронавирус е регистрирана утрово“, рече Путин.
Тас исто така објави дека една од ќерките на Путин била прва што се вакцинирала против короната.
Заменик-премиерката на Русија Татјана Голикова рече дека вакцината ќе им биде давана на здравствените работници од почетокот на септември. За пошироката јавност ќе биде достапна почнувајќи од јануари.
Вишиот министер Михаил Мурашко минатата недела објави дека се планира во октомври да почне национална програма за масовна вакцинација. Мурашко додаде дека сите трошоци ќе бидат покриени од владата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.