Руската армија со цврст став по соборувањето на воен авион, на сириските безбедносни сили ќе им испрати модерен систем за ракетна одбрана С-300 чиј радиус е 250 километри

Објавил: Мартин Попоски | 24 септември, 2018 13:59

Русија испраќа ракетни системи С-300 во Сирија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Русија во следните две недели на Сирија ќе и предаде современ противвоздушен систем С-300, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Сириските вооружени сили ќе добијат модерен систем за ракетна одбрана С-300 во рок од две недели. Системот е способен да пресретне средста за воздушен напад во круг поголем од 250 километри и истовремено да погоди неколку воздушни мети, посочи Шојгу.

Тој додаде дека Русија е приморана да преземе активни мерки за подобрување на безбедноста на руските војници во Сирија, алудирајќи на соборувањето на рускиот авион Иљушин 20 во Сирија, за што Москва ги обвини израелските военовоздухопловни сили.

Шојгу потенцира дека Русија во 2013 година на барање на Израел ја стопира испораката на системите С-300 во Сирија.

 Денес ситуацијата е сменета. И тоа не по наша вина, наведе Шојгу.

Тој го повтори ставот на Москва дека за соборувањето на рускиот авион во Сирија, при што загинаа 15 војници, виновни се израелските воени авиони.

Израелските екипажи, совршено знаејќи ја ситуацијата во воздухот, се криеја зад руските авиони, што доведе до соборување и загуба на 15 наши војници. Ова не принуди како одговор да преземеме адекватни мерки со цел да се зголеми безбедноста на руските војници кои извршуваат задачи во борбата против меѓународниот тероризам во Сирија, потенцира Шојгу.

Тој додаде и дека Русија на Сирија ќе и испорача и современи автоматизирани системи за контрола на командните пункта на противвоздушната одбрана.

 Тоа ќе овозможи централизирано управување на сите сили и средства на протививздушната одбрана во Сирија… Најважно е што ќе биде гарантирана идентификацијата на сите руски авиони од страна на сириските стредства за противвоздушна одбрана, посочи Шојгу.

Во меѓувреме и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека доставата на руски ракетни комплекси С-300 е со цел да се зголеми безбедноста на руските војници во Сирија.

Тој одговарајќи на прашањето за односите со Израел, посочи дека „одлуката не е насочена кон ниту една трета земја“.

Порталот „Раша тудеј“ објави дека испораката на системите С-300 се дел од одговорот поврзан со минатонеделното соборување на рускиот авион Иљушин 20, додека се враќаше во базата Хмејмим. Авионот по грешка беше соборен со ракета од Ес-200 на сириската противвоздушна одбрана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој, според пријавеното, се договорил и во Гостивар и платил една од договорените рати. Подоцна, скопјанката не се појавила на договорената средба во Скопје и не му се јавувала повеќе, по што сфатил дека е измамен.

„Дај ми пари и ќе ја вработам девојка ти“ – Гостиварец падна во рацете на измамнци!

Преку социјалните мрежи лесно можете да дојдете до измамници, таков пример се случил...

Телевизија Алфа поради неговата исклучителна сила одучи да го номинира Марко Пејчиновски за „Светската награда за млад хуманист“, а членовите на интернационалното жири едногласно одлучија ова признание да му биде доделено нему.

Младиот херој Марко добитник на „Светската награда за млад хуманист“

Го препознавате младиот херој кој со сите сили се бореше со брановите на Охридското...

Од маладата Марија нема ниту трага ниту глас, а како што известувааат од „Струмица Денес“ полицијата по Марија трага неуморно со голем број на полициски службеници со користење на службени кучиња трагачи.

ПЕТ ДЕНА НИ ТРАГА НИ ГЛАС ОД МАРИЈА: Полициата ги вклучи и кучињата по потрагата!

Се уште нема ни трага ни глас од 28-годишната Марија, семејството моли за помош што побрзо...