Во соопштението се објаснува и дека ваквата мерка е одговор на немотивираната одлука на Македонија да прогласи руски дипломат за персона нон грата!

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 јуни, 2021 7:05

Русија протера македонски дипломат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Русија прогласи еден вработен во Амбасадата на Македонија во Москва за персона нон грата како одговор за протерувањето на руски дипломат од земјава, соопштило руското Министерство за надворешни работи, пренесува новинската агенција „Риа новости“.

-Вршителот на должност амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација, Оливера Чаушевска-Димовска, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што ѝ беше врачена нота со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата, пишува во соопштението на руското МНР кое го пренесуваат руските медиуми.

Во соопштението се објаснува и дека ваквата мерка е одговор на немотивираната одлука на Македонија да прогласи руски дипломат за персона нон грата!

Рускиот дипломат од земјава беше протеран на 14 мај кога амбасадорот на Русија во Скопје, Сергеј Александровиќ Баздикин, беше повикан во МНР за да му се соопшти одлуката, пренесе Фокус!

Тогаш му дадоа рок од седум дена да ја напушти земјава. Како причина за протерување на дипломатот беа посочени активности што не се во согласност со однесувањето кое се очекува од странски дипломат што служи во земјата домаќин.

Претседателот Стево Пендаровски тогаш изјави дека случајот е документиран и од тоа што го видел, како што посочи, не станува збор за импровизација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Триесет милиони евра, пари обезбедени од Европската Унија, ќе бидат инвестирани во развојот на пограничните региони на Бугарија и Македонија во следните 7 години.

За прекугранична соработка Македонија – Бугарија 30 милиони евра од ЕУ

Меѓу приоритетните проекти е изградбата на новиот граничен премин „Клепало“ помеѓу...

Вкупната излезност на гласачите на изборите за Државната дума на Русија вчера до 20 часот по московско време изнесува 16,85 проценти, објави руската Централна изборна комисија.

Втор ден од изборите во Русија, вчерашната излезност 16,85 отсто

Рускиот претседател Владимир Путин вчера гласал електронски на руските парламентарни...

Идејата за ковид-сертификат првично беше поврзана со патувањата, но Италија многу брзо почна да ја применува на места како музеи, спортски сали и внатрешноста на рестораните!

Италија вчера воведе една од најстрогите мерки во светот

Италијанската Влада вчера донесе една од најстрогите анти-ковид мерки во светот, со...

Од своја страна, Рама, кој во континуитет ја критикува ЕУ и состојбата на двете земји ја споредува со драмата „Чекајќи го Годо“, оцени дека „ние сме заложници на национализмот внатре во ЕУ“.

МЕРКЕЛ СО ПОРАКА ОД ТИРАНА: МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ГИ ИСПОЛНИЈА УСЛОВИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО

Германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со албанскиот...