Свет
Анализа
Русија официјално влезе во рецесија откако нејзиниот бруто домашен производ (БДП) падна за 4 отсто во третиот квартал од оваа година.
Ова е првичната проценка која денеска ја објави статистичката агенција „Росстат“.
Трендот, по веќе негативниот резултат на БДП во вториот квартал (-4,1%), во голема мера е под влијание на ефектите од строгите санкции на Западот по воената интервенција на Кремљ во Украина.
Обемот на трговијата на големо падна за 22,6% на годишно ниво, откако санкциите ги затворија странските пазари за руските бизниси и ја прекинаа економијата од увозот на висока технологија.
Прометот на мало опадна за 9,6% по излегувањето на западните брендови и најлошиот колапс на автомобилскиот пазар во историјата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Анализа
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.