Рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за украинскиот напад врз Белгород, соопшти Кремљ.

Објавил: Македонка Димкин | 31 декември, 2023 9:56

Руска реакција за нападот на Белгород: Ова злосторство нема да остане неказнето

Фото/Текст извор: ©Tanjug

Руското Министерство за одбрана навести одмазда за украинското гранатирање на Белгород. „Киевскиот режим, кој го изврши ова злосторство, се обидува да го оттргне вниманието од поразот на фронтот и сака да не испровоцира на слични акции“, велат од Министерството.

„Нагласуваме дека руските вооружени сили целат само на воени објекти и инфраструктура директно поврзана со нив. Ќе продолжиме да го правиме тоа. Ова злосторство нема да остане неказнето“, додаде тој.

Според последните информации, 14 лица загинаа, а 108 се повредени во украинскиот напад на Белгород, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. „Загинаа 12 возрасни и две деца. Уште 108 лица се повредени, меѓу кои 15 деца“, соопшти Министерството.

Рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за украинскиот напад врз Белгород, соопшти Кремљ.

„Претседателот Владимир Путин е информиран за нападот на украинските вооружени сили врз станбените области во Белгород“, изјави портпаролот Дмитриј Песков за новинската агенција ТАСС.

Песков додаде дека претседателот наредил испраќање тим од руското Министерство за здравство, предводен од министерот Михаил Мурашко, и спасувачи од Министерството за вонредни ситуации во градот за да им помогнат на погодените.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во четвртокот, германската Влада делумно попушти, наведувајќи дека ќе се задржи ослободувањето од данок на земјоделскитевозила и дека ќе се укине намалувањето на даночните олеснувања за дизелот во текот на три години.

Германските земјоделци со трактори и камиони на протести пред Бранденбуршката порта

Германските земјоделци за денеска најавија протести пред Бранденбуршката порта во...

Шредер е критикуван во Германија бидејќи и по почетокот на специјалната операција на руската армија во Украина, тој продолжи да одржува контакти со Русија.

Крим е дел од историјата на Русија, Украина нема што да бара во НАТО, тврди Шрoдер!

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер во интервју за „Велт“ зборуваше за...