Тој пристига во еднодневна посета на Србија, на 75-годишнината од ослободувањето на Белград во Втората светска војна.

Објавил: Сара Фемина | 19 октомври, 2019 11:02

Рускиот премиер Медведев во посета на Србија: Ќе го чуваат над 5.000 полицајци и 30 телохранители!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рускиот премиер, Димитри Медведев, денеска ќе ја посети Република Србија, а како што пренесуваат српските медиуми, ќе го чуваат над 5.000 полицајци и 30 телохранители.

Како што пишуваат „Вечерни новости„ Димитриј Медведев пристига во еднодневна посета на Србија, на 75-годишнината од ослободувањето на Белград во Втората светска војна.

Медведев освен полицијата ќе го чуваат и 30-ина телохранители, објави „Вечерни новости“.

За 12 часа тој ќе посети дури осум локации. Првата станица на рускиот премиер по слетувањето на аеродромот „Никола Тесла“, каде што ќе го дочека српската премиерка Ана Брнабиќ, ќе биде воениот аеродром „Полковник пилот Миленко Павловиќ“, каде што заедно со Вучиќ ќе присуствува на демонстрација на воената способност на српската армија.

Медведев вечерва ќе присуствува на свечена академија за 75-годишнината од ослободувањето на Белград.

Димитриј Анатолјевич Медведев е моменталниот премиер и поранешен претседател на Русија, бизнисмен и имал голема политичка улога во Руската Федерација (РФ). Во текот на 2005 година бил назначен за прв вицепремиер на владата на Русија.

По 2000 година на два пати бил претседател на советот на директорите на „Газпром“. Во 2007 година партијата „Единствена Русија“ го кандитирале за претседател на изборите во март 2008 година, а од друга страна и Владимир Путин му дал поддршка. Така, на изборите, одржани на 2 март 2008 година со 70,28 % (52 530 712) од избирачките гласови Медведев е избран за претседател на Русија. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

Тестирањето на лично барање ќе чини 6.000 динари на територијата на целата Република Србија, додека тестирањето за студенти и малолетни лица сепак ќе биде бесплатно.

ВЛАДАТА НА СРБИЈА ОДЛУЧИ: Се отвораат граничните премини – ВЛЕЗ ВО СРБИЈА БЕЗ ТЕСТ!

Денес, Владата на Србија го усвои предлогот на Кризниот штаб за заштита на здравјето...

Град со големина на орев е регистриран во општина Сјеница, каде невремето ги оштети покривите на куќите и автомобилите. Невремето сериозно ги погоди селата Багачиќ и Горња Вапа “.

СИЛНО НЕВРЕМЕ ПУСТОСЕШЕ ВО СРБИЈА: Град со големина на орев оштети куќи и автомобли (ФОТО)

Силно невреме проследено со дожд и град, кој најпрво беше со големина на орев, а потоа...