Видео

Објавил: Калина Мартинска | 4 декември, 2024 12:47

Руските пранкери го прогласија Заев за „најглупавиот јунак“

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Руските пранкери Вован и Лексус, поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев,  го нарекоа „најглупавиот херој“ на нивните шеги.

Имено, тие успеаја да го надмудрат Заев претставувајќи се како „Петар Порошенко“ и воспоставија комуникација со него. Шегаџиите тврдат дека снимката од разговорот со Порошенко ја чувале во тајност околу една година, додека Заев несвесно продолжил да комуницира со нив.

Наивноста на Заев доведе до тоа тој да испраќа фотографии од неговите официјални средби, да дава контакти на косовски политичари, па дури и да ги „спамира“ шегобијците. Според Вован, „ова е веројатно најглупавиот политичар со кој сме биле во можност да разговараме“.

 

„Ова е веројатно најглупавиот политичар со кој успеавме да комуницираме“, велат тие.

Во јуни 2019 година Вован и Лексус на својот јутјуб канал објавија снимка во должина од речиси еден час, за која велат дека се споени три разговори со Заев, направени во август 2018, јануари 2019 и во април 2019 година. Во нив комичарите, претставувајќи се како Порошенко и Столтенберг разговараат со македонскиот премиер на повеќе теми – ситуацијата пред референдумот, дали Русија има влијание во нашата држава, како и за Косово и Србија. Се разговара и околу добивањето на автокефалност на македонската православна црква, а лажниот Порошенко го убедува Заев дека истата може да се добие со поткуп од 100.000 евра за вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Во разговорот со лажната Грета Тунберг и нејзиниот татко, Заев со нив зборува за затворање на аеродромите, за легализирање на марихуаната, посета на активистката на Македонија, како и за мигрантите.

 

Мета на руските пранкери беа и Борис Џонсон, Жан Клод Јункер, неколку американски гувернери и конгресмени, како и францускиот претседател Емануел Макрон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.