
Македонија
Вести
Владимир Кузњецов-Вован и Алексеј Стољаров-Лексус , познати на јавноста по скандалот со лажните телефонски разговори кои ги водеа со премиерот Заев повторно се осврнаа на разговорите и истакнаа дека нема никогаш да го заборават Македонскиот премиер.

Руските пранкери во ексклузивно интервју за „Политика“ потсетуваат на телефонските разговори што ги имале со премиерот Зоран Заев и истакнаа дека тој бил единствен случај толку долго да не забележи дека се шегуваат.
-Макрон е прилично блага и фина личност, додека пак Гваидо не остави впечаток на независен политичар. Борис Џонсон е многу интелегентен и ладнокрвен. Харадинај сака да остави впечаток на љубезен дипломат, но слабо му успева. Но, премиерот Заев е навистина неверојатен, на ниеден политичар до сега не ни успеа да го лажеме на таков начин речиси една година, велат комичарите.
За потсетување, руските комичари и шегаџии познати како Вован и Лексус пред неполн месец, објавија вистински телефонски разговори со македонскиот премиер Зоран Заев.
Во првиот разговор кој на социјалните мрежи се нарекува “Пренк” или шеговита измама еден од нив со со Заев разговара како да е генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Во разговорот на Заев со лажниот Столтенберг, тој изнесува информации кои се бeзбeднocнo критични и не би требало да ги раскажува на телефон, особено не со лица чиј идентитет не е проверен и потврден.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.