Тие кои што останаа во државните болници мораат на вечер да возат такси да преживеат, вели Алексеј.

Објавил: Сара Фемина | 10 декември, 2019 22:01

РУСКИТЕ ХИРУРЗИ ОПЕРИРААТ ДУРИ 12 ЧАСА, а навечер возат такси да преживеат: Нема да верувате колку им изнесува просечната плата!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дванаесет часа руските лекари оперираат луѓе, а доцна во ноќта возат такси да ги прехранат семејствата. Тоа е секојдневие на многу лекари во Русија. Посебно е тешка ситуацијата во државните болници, а незадоволството расте од ден на ден.

45 годишниот Алексеј Потапов со носталгија гледа на времето кога работел како лекар. 14 години работел во различни државни болници.

Во почетокот на 2000 година заминал во северна Русија, каде што докторите се повеќе платени 60.000 рубалји или (850 евра) месечно. Како што вели тој за руските услови премногу добро.

Алексеј после 7 години се вратил во својот роден крај во регионот Пенса, а таму за иста работа добивал дупло помалку пари. Неговата сопруга исто така е лекарка во истата болница. Но, сепак тоа не е доволно за нормален живот.

Ние мораме буквално да се бориме да преживееме, вели Алексеј.

Дванаесет часа руските лекари оперираат луѓе, а доцна во ноќта возат такси да ги прехранат семејствата. Тоа е секојдневие на многу лекари во Русија.

Во еден момент овој хирург се присетил на своето хоби, програмирање. Во исто време почнал да студира програмирање и дипломирал 2014 година. Сега веќе 5 години работи како програмер во една ИТ фирма во Москва, за три пати поголема плата. И неговата сопруга престанала да работи како лекарка.

Многу нивни колеги почнале да работат во приватни клиники или фармацевтски клиники.

Тие кои што останаа во државните болници мораат на вечер да возат такси да преживеат, вели Алексеј.

Околу 10 проценти лекари специјалисти секоја година им го вртат грбот на рускиот здравствен систем. Според податоците 25 000 лекари недостасуваат во Русија.

На пример во Јамало Ненеча, автономниот округ во северот на Русија живеат околу 43.000 жители, а имаат само еден онколог.

Русија за здравство издвојува 3,7 посто бруто домашен производ (BDP), слично како и во Србија каде во 2018 година за здравство и социјална заштита од буџетот се издвоени околу 3,9 BDP.

Во Германија за здравство се издвојуваат 11, 5 проценти, во Белгија 10,5 а во Холандија 9,9 % BDP.

Здравствениот систем во криза.

На почетокот на оваа година лекарите одржаа протест од регионалната болница во Новгород. Во август протестираа лекарите од итната помош во регионот.

Во 2012 година рускиот претседател Владимир Путин, најавуваше дека до 2018 година платите на лекарите ќе беа дуплирани, меѓутоа од тоа нема ништо, пишуваат руските медиуми.

Спрема статистиката во Русија еден просечен лекар заработува околу 1.120 евра месечно, но многу лекари се скептични поради оваа бројка. 

Но, податоците на синдикатот за здравствени работници, велат дека стварниот просек на заработка на еден лекар изнесува околу 600 евра месечно.

Медицинска сестра како хигиеничарка:

Лекарите едноставно се отпуштаат, медицинските сестри ја заменуваат професијата во хигиеничарки или лекарите се префрлаат во ниски групи на плати, вели Лариса Поповиќ, стручњак за здравство од Москва.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во меѓувреме, бројот на случаи и смртни случаи се зголемува. Стапката на смртност од 4 проценти е значително помала отколку кај САРС (околу 11%), но е значително поголема отколку за сезонски грип А (околу 0,1%).

Научник пред три месеци предвиде дека ќе се појави нов вирус: На светот црно му се пишува(ВИДЕО)

Бидејќи новиот коронавирус се шири низ Кина и светот, луѓето се прашуваат колку е навистина...

Од силната експлозија испукале многу прозори во околината и видливи се оштетувања на кучите и зградите тврдат очевидци.

ОГРОМНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ХЈУСТОН: Цел град на нозе – хеликоптери ја надлетуваа областа!

Голема експлозија се случила рано утринава во околу 04:25 часот во северозападниот дел...

По ова текстот на потпишаниот договор за Брегзит на 29 јануари ќе биде поднесен и во Европскиот парламент на ратификување.

Британија ја напушта Европската Унија- потпишан договорот за Брегзит

Денеска Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, двајцата највисоки ЕУ претставници, претседателите...

Денеска Институтот за микробиологија на Кинеската академија на наука ги објави првите крупни фотографии од смртоносниот коронавирус.

Погледнете го видеото колку е опасен овој тивок убиец!

Постојано расте бројот на загинати, и заболени од смртоносниот коронавирус, кој се...