5G технологијата работи во согласност со нормите на одредени земји и нема никаква врска со здравјето на луѓето, рече првиот човек на информативно-аналитичката агенција „Телеком Дејли“, Дени Кушков.
Неодамна, во некои земји, вандалите уништуваат 5G инфраструктура и друга опрема, поради гласините кои кружат на социјалните мрежи дека пандемијата на вирусот корона е поврзана со технологијата за мобилна мрежа од петта генерација.
„За жал, само изолацијата не се одразува најдобро на менталната состојба на луѓето, но дури и пред карантинот, имаше одредени фобии кога станува збор за новата мобилна мрежа“, посочи Кушков.
Според рускиот експерт, треба да се разликува реалноста од фикцијата – во Русија во моментов нема активирани 5G мрежи, така што не може да се каже дека предизвикува вирус на корона и му штети на здравјето на луѓето.
Од Министерството за информатичко општество и администрација во Македонија неодамна ги демантираа информациите дека во Македонија се прават тестирања за 5Г мрежа.
– Владата на Република Македонија и Министерството за информатичко општество и администрација, најодговорно тврдат дека во нашата држава нема пуштено во употреба 5Г мрежа. Дополнително, ги информираме граѓаните дека надлежните институции немаат спроведено постапка за доделување на фрекфенции за 5Г мрежа. Од тука сите грижи за ефектите од 5Г мрежата врз здравјето на граѓаните се неосновани. Информациите кои се појавија во јавноста, дека деновиве се прават тестирања се неточни, соопштија неодамна од МИОА.
Од Министерството наведоа дека во нашата држава до сега се направени само две тестирања и тоа, едно во 2018та година во ограничени и строго контролирани лабораториски услови, и второ тестирање во 2019та година, на ограничен простор.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.