Целта на ова е да се докаже дека Рашковски не го испочитувал дозволеното време за движење и ја прекршил дозволата од судот.

Објавил: Перо Милчин | 18 септември, 2021 8:10

Русковска барала вештачење на телефонот со кој е сликан Рашковски

Фото/Текст извор: ©магазин

Обвинителката Вилма Русковска побарала лицето кое го снимило Драги Рашковски како се движи по улица изминативе денови, да дојде во Обвинителството за на неговиот телефон да се изврши вештачење.

Целта на ова е да се докаже дека Рашковски не го испочитувал дозволеното време за движење и ја прекршил дозволата од судот.

-Јас се јавив на лицето кое го поседува порталот и побарав лицето кое го снимало да дојде во обвинителството, за да се изврши форензичко вештачење на телефонот. Судот нас нема да ни поверува само на збор, дека тој е забележан по времето за кој му е одобрен излезот. Нели, напуштање на домот.. Но, не дојдоа, не се појавија – рече Русковска.

Фотографијата на која се гледа како ексгенералниот секретар на Влада, Драги Рашковски, шета низ Аеродром, е автентична.

Ова може да се заклучи по одговорот на МВР во кој велат дека на Рашковски му е дозволено да излегува од дома иако е во домашен притвор, поради здравствени потреби. Од полицијата велат дека судија од Кривичен суд му го дозволил ова право.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од нив, 1.899 гласачи се од 13-те казненопоправни установи каде гласачките места беа отворени утрово во 7 часот, а каде гласањето ќе трае до 19 часот.

ДИК: Правото на глас денеска може да го искористат 10.653 гласачи

На денот пред локалните избори, денеска своето право на глас можат да го остварат вкупно...

Изградбата на Фотонапонската електрана„Осломеј“, е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето, и првите киловати електрична енергија од фотоволтаичната електрана од 10 мегавати, инсталирана на површина на сегашната Термоелектрана „Осломеј“, се очекуваат да протечат во наредните неколку месеци.

Заев: ФЕЦ „Осломеј“ ќе биде запаметена како прва енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот

Претседателот на Владата на Зоран Заев, во придружба на раководството на „Електрани...

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Кој ќе биде избран во првиот круг, а кој оди во втор

Во земјава утре се одржуваат Локалните избори 2021 на кои за градоначалничката функција...

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека состојбата будно се следи и се прават напори цената и по Нова Година да остане на исто ниво.

Струјата ќе поскапи по Нова година, но засега никој не знае за колку

Поскапа струја догодина ќе има, но за колку не знае никој. Надлежните сепак тврдат дека...