Сопственикот на „Беса транс“ бил втор возач во еден од автобусите, а во разговор со Русковска бил дециден дека во автобусот немало резервни канти со гориво како и пиротехнички средства. Врз основа на информациите од бугарските колеги таа како неточни ги опишува и шпекулациите дека во автобусот имало и материјали за изработка на хероин

Објавил: Перо Милчин | 30 ноември, 2021 6:12

Русковска за „Топ тема“: Пожарот во автобусот започнал во багажниот простор над резервоарот

Фото/Текст извор: ©магазин

Сопственикот на „Беса транс“ бил втор возач во еден од автобусите, а во разговор со Русковска бил дециден дека во автобусот немало резервни канти со гориво како и пиротехнички средства.

Врз основа на информациите од бугарските колеги таа како неточни ги опишува и шпекулациите дека во автобусот имало и материјали за изработка на хероин!

Беким Хаџиу, сопственикот на Беса Транс бил во еден од автобусите кои се враќале од кобната ексурзија од Истанбул.

Неговите деца биле во четвртиот автобус. Но сите четири автобуси не возеле во конвој туку разделени па не ја виделе несреќата. Третиот автобус каде се случи страотниот пожар практично возел зад останатите.

Овие сознанија за Телма во интервју ги  кажа обвинителката Вилма Русковска која ги сослушала сите возачи на автобусите.

Не постоел конвој, затоа што автобусите од различно место од Истанбул, тргнувале за назад према Скопје. Во зависност од желбата на патниците, некои сакале да одат во еден трговски центар, други во друг, на пример два автобуси, меѓу кои и изгорениот, тргнале од паркинг, бидејќи тие патници не сакале да одат во продавници и затоа не се тргнати како конвој. ” – вели Русковска.

Хаџиу всушност бил вториот возач во еден од автобусите. Тој тврдел дека не е пренесувана никаква запалива материја во автобусите.

“Беше видно вознемирен и потресен. Го прашав дали носеле резервни канти со гориво. Вели дека нема шанси тоа да се случило. Ова беше неформален разговор, тука на самото место на настанот. Дали случајно можеби некој патник да купил пиротехнички средства, бидејќи се ближи Нова Година, исто беше дециден дека одговорот е не.” – додава Русковска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од еколошкото здружение Натура лаб од Лабуништа, се закануваат со блокади и бојкот на наставата во локалното основно училиште, ако владата не си го одржи ветеното.

Жителите на Лабуништа се жалат дека власта ги излажала

Каменоломите во струшко Лабуништа, две години откако беа затворени од државата, сега...

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху ќе разговара со сите муфтивства во земјава, а самиот секој петок ќе оди во џамиите и ќе ги повикува граѓаните да внимаваат со непотребното трошење струја. Ова му го вети првиот човек на ИВЗ Фетаху на министерот за економија Крешник Бектеши

Бектеши бара помош од верските заедници – ИВЗ: Секој петок во џамија ќе се зборува за штедење струја

Исламската верска заедница ќе бара од верниците да штедат струја во текот на зимата. Поглаварот...

Тој најави дека ќе разговара и со Македонската православна црква за поддршка во активностите за справување со енергетската криза. Целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат повеќе количества на струја за индустријата.

Бектеши бара поддршка од ИВЗ и МПЦ за штедење струја

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара поддршка од поглаварот на...