Русковска никогаш не одговори дали се точни информациите присутни во јавноста дека таа била учесник во ‘’шарената револуција’’, т.е. активно учествувала во протестите

Објавил: Мартин Попоски | 15 ноември, 2018 6:21

Русковска “наградно” стана шеф на обвинителството

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Обивнителката Вилма Русковска позната по предметот за инциденттот во Собранието, „Диво Насеље“ и „Змиско око“, Детонатор“ застанува на чело на обвинителството за организиран криминал.

Вака одлучи Советот на јавните обвинители на седница на која избра раководители за уште пет други обвинителства во земјава.

На седница на Советот на јавни обвинители беа избрани и шефови на скопското Вишо обвинителство, Мустафа Хајрулахи, во гостиварскто Вишо обвинителство Ислам Абази, за велешкото Основно обвинителство Гордана Тодорова, Елизабета Мишева во Кавадарци и Лиле Талевска за прв човек на битолското Основно обвинителство.

Поранешната директорка на Академијата за судии и обивнители Анета Арнаудовска нема да се враќа во судските води. На нејзино барање Судскиот совет донел решение да и престане судиската функција. Местото во Кривичниот суд и мируваше од 2006 кога беше избрана за директор на Академијата, потоа беше реизбрана но и по истекот на вториот мандат остана во оваа фотеља повеќе од две години

По подолга пауза од оваа академијата следната година ќе излезе нова генерација на кандидати за судии и обвинители. Но сепак и тие нема да бидат доволни за да ги пополнат сите испразнетите места, вели државниот обвинител Љубомир Јовески.

Во сите обвинителства недостигаат 40 јавни обвинители.

Јовески вели преодно решение за проблемот со недостаток на обвинител се бара во тоа да се скрати обуката во академијата за стручните соработници кои имаат долгогодишно искуство.

Пред седум дена обвинителката Вилма Рускоска во придружба на полициски службеник го напушти судењето во предметот за немилите настани во Собранието, откако и се слоши во судницата. Обвинителката Русковска од судијката Добрила Кацарска побара да и дозволи да ја напушти судницата од здравствени причини. Интервенирала и Брзата помош.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

До редакцијата на КУРИР како што објави порталот пристигнале информации кои отвораат простор за сомнеж дека со неговото поставување на функцијата е прекршен законот за јавни институции и законот за здравство.

Секој ден нов скандал : Филипче назначил в.д. директор на здравствена установа кршејќи неколку закони

Ден по ден нови скандали од редовите на Владата. Денеска порталот Курир.мк  објави...

Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) ја рангира земјава на осмото место во светски рамки по количините фрлена храна според бројот на жители

СИРОМАШНА, НО ПРИБИРЛИВА: Македонија меѓу рекордерите во фрлање храна

Македонија сиромашна но прибирлива, граѓаните и покрај тоа што се жалат за сиромаштијата...

Од воведувањето на мерката на 1 јули оваа година, парите за првите три месеци ќе бидат на сметките во декември.

Проверувајте си ги сметките – парите за скенирање на сметки ги имате на вашата трансакција

На вашите сметки треба да очекувате поврат на 15 осто од ДДВ. Средставата на повратот...

Имено македонските олимпијци се закитија со медали на  прогласувањето на најдобрите олимпијци на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, во арената во Доха, Катар.

МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Ученици земаа пет медалји на олимпијада во Катар

Македонските ученици Матеј Гелев, Емилија Николовска, Мајкл Георгиевски, Никола Спировски,...