
Македонија
Вести
Денеска до Судот е испратен предлог за продолжување на притворот на екс специјалната обвинителка Катица Јанева за уште 30 дена, потврдија за ТВ21 од Обвинителството.
Обвинителството за организиран криминал и корупција бара Јанева и понатаму да остане во притвор. На Катица Јанева во петок и истекува 30-дневниот притвор кој и беше доделен откако беше прогласена за трето осомничена во случајот „Рекет“.
Катица Јанева ги отфрли шпекулациите дека е вмешана во случајот „Рекет“ и пред на биде спроведена во истражниот затвор Шутка, на прес конференција изјави дека ниту свесно ниту несвесно не ја злоупотребила својата функција и положба.
Таа изјави дека очекува транспарента судска постапка во која ќе се докаже дека е невина.
“Најодговорно тврдам дека ниту свесно ниту несвесно, ниту со сторување или несторување, не сум ја злоупотребила должноста која во моментов ја извршувам. Јавно ги охрабрувам правосудните органи до крај да ги расчистат сите околности за конкретниот случај. Затоа очекувам низ една транспарента правосудна постапка да се стави крај на сите неофицијални информации со кои некој се обидува да им наштети на мојата чест и углед“, рече Јанева.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.