Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека правда во Македонија со Заев, нема. Потребни се итни предвремени парламентарни избори.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 август, 2019 10:04

Зошто Русковска не го повикува Заев на распит иако е спомнат во аудио разговорите?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Притворањето на Катица Јанева е договорен театар со кој треба да се прикријат трагите кои водат кон Илинденска и Зоран Заев, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

-Катица Јанева му остана верна на Зоран Заев, како што и тој и остана верен во сите местенки и криминали. Катица Јанева и Зоран Заев се лице и опачина на истата паричка. Зоран Заев е премиер, во Република Македонија целиот период за време на кој е вршен милионскиот рекет. Уценувани се десетици бизнисмени. Изнудувани се пари, а институциите на системот или биле дел од рекетот или замижувале пред криминалот. Јанева е алатката со помош на која е вршен рекетот, а Заев е координаторот на целиот криминален систем. Замешателството на Заев е главната причина и поради која Јанева беше на слобода со месеци, иако доказите за неа Русковска ги има уште од април. На Јанева и беше оставено простор да го преформатира телефонот, да оди во странство и да влијае врз сведоци. Привилигираниот третман на ЗА другарчињата на Заев како Јанева важат едни правила, а за обичните луѓе други. Вилма Русковска , истата обвинителка што и дозволи на Јанева да оди на погреб на нејзината мајка, не му дозволи на обвинетиот во случајот 27 април, Душко Лазаров, да отиде на погреб на мајка му. Русковска се однесува заштитнички кон власта. Таа ја одолговлекува истрагата за Рекет со недели, и не го повикува Зоран Заев на распит, иако е спомнат во аудио разговорите, дека знае за рекет системот, истакнуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека правда во Македонија со Заев, нема. Потребни се итни предвремени парламентарни избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со многу емоција, заедно со народот подготвена сум да ја понесам тежината на борбата.

Моќна порака на Мизрахи: Должни сме да си ја одбраниме нашата мајка, Македонија- НИЕ СМЕ МАКЕДОНСКИ НАРОД

Како што мечката си го брани своето мече, должни сме да си ја одбраниме нашата мајка,...

-Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности.

Кокаинот во Крушопек стигнал во пратка со банани (фото)

Полициска акција се спроведуваше во селото Крушопек, Сарај, каде е запленета голема...

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека бил принуден да се обрати на јавноста по, како што наведува, многубројните лажни вести за него и неговото семејство

Вицето: смешно е мене да ме поврзувате со рекет, јас сум честит човек!

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека...

Тој во допис за медиумите вели дека бил принуден да се обрати до јавноста по лажните вести кои акко што вели доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ а се контролирани од Никола Груевски. 

Сакаат да ни наштетат, ниту јас, ниту брат ми не сме вмешани во “Рекет”- по два дена молчење се огласи Вице Заев

Откако во медиумите пред два дена одекна веста дека Вице Заев и поранешниот премиер...