На седницата во понеделник ќе се одлучува и за тоа кој ќе биде шеф на Вишото обвинителство во Скопје. На огласот се пријавија тројца кандидати, вишите обвинители Бурим Рустеми и Фатиме Фетаи но и актуелниот шеф Мустафа Хајрулахи, но Фетаи вчера преку електронска пошта, засега се уште од непознати причини се повлече од трката.

Објавил: Сара Димитрова | 19 ноември, 2022 13:27

Русковска се враќа во скопското обвинителство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На седницата на Советот на јавните обвинители која е закажана за понеделник, ќе се знае и официјално каде ќе работи обвинителката Вилма Русковска, откако заврши нејзиниот мандат во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Таа се уште е суспендирана, а во изјава за порталот Либертас таа потврдува дека нејзината следна работна средина ќе биде скопското обвинителство.

„Ќе се вратам во Скопското обвинителство,од таму дојдов во организиран криминал ,така е според законот”, изјави Русковска за Либертас.

Суспензијата која таа ја доби по судирот со директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми ќе и продолжи и во скопското обвинителство бидејќи тоа важи за функцијата во целост. Таа сепак ќе добива плата која и следува иако е суспендирана, но пониска со трансферот од организиран криминал во основното обвинителство.

На седницата во понеделник ќе се одлучува и за тоа кој ќе биде шеф на Вишото обвинителство во Скопје. На огласот се пријавија тројца кандидати, вишите обвинители Бурим Рустеми и Фатиме Фетаи но и актуелниот шеф Мустафа Хајрулахи, но Фетаи вчера преку електронска пошта, засега се уште од непознати причини се повлече од трката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Имено, во новиот Закон за заштита на потрошувачите, донесен во СКРАТЕНА собраниска постапка со европско знаменце, на сите трговци во државата се наметнува обврска амбалажите, налепниците, сертификатите, декларациите, гарантните листови и останатата документација на производите да ја испишуваат и на албански јазик и неговото писмо.

ВОВЕДЕНА ПРОТИВУСТАВНА ДВОЈАЗИЧНОСТ ВО СТОПАНСТВОТО НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ВОВЕДЕНА ПРОТИВУСТАВНА ДВОЈАЗИЧНОСТ ВО СТОПАНСТВОТО НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА Владејачката...

Во истрагата се вклучени 15 лица, меѓу кои и поранешниот министер за здравство Бујар Османи, актуелен вицепремиер за европски прашања и и главен политички преговарач и шеф на Делегацијата за преговори со Европската Унија!

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БУЈАР ОСМАНИ ОСОМНИЧЕН ВО НОВА ИСТРАГА НА СЈО „ПАЦИЕНТ“

Во истрагата под кодно име „Пациент“, една од шесте што ги објави денеска Специјалното...

За настанот, како што велат оттаму, е информиран Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот

Украдено возило на Итната помош од кочанската болница, полицијата го пронашла по петчасовна потрага

Неколку часа по пријавената кражба, во 8:30 часот утринава, полицијата го пронашла возилото...

Помеѓу граѓаните кои го забележале доаѓањето на германскиот претседател имаше такви кои веднаш прокоментираа дека станува збор за ,,луксузното возило на Груевски”, а градоначалникот Јанчев за ,,Фокус” потврди дека се работи за истото возило.

Со „мерцедесот на Груевски” Штајнмаер дојде во Кавадарци!

Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер вчера попладне...