Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека верува во безбедноста на модуларните ковид-центри низ државата, бидејќи тие се клучен фактор во спасувањето на животи.

Објавил: Перо Милчин | 10 септември, 2021 7:09

Русковска ја побарала целокупната документација за јавните набавки на модуларните болници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ова е одделна истрага од онаа што ја вршат петтемина основни јавни обвинители по синоќешната катастрофа во Тетово, објави СДК.мк

Обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, дала наредба до Бирото за јавни набавки утре да ѝ ја достави целокупната документација за јавните набавки за сите 19 изградени модуларни болници во Македонија, објави СДК.мк!

Според нивните информрации, ова е одделна истрага од онаа што ја вршат петтемина основни јавни обвинители по синоќешната катастрофа во Тетово.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека верува во безбедноста на модуларните ковид-центри низ државата, бидејќи тие се клучен фактор во спасувањето на животи.

„Што се однесува до модуларните болници, нашиот интерен увид покажа дека сите вградени материјали имаат сертификати, А-тест за електрична, водоводна и канализациона инсталација. тоа значи дека се што е вградено од материјалите е со сертификат од производителот, а процесот на инсталација е со А-тестирање. Сето тоа е под надзор на акредитирана компанија што контролира дали се обезбедени сите сертификати за буквално секој материјал што се вградува во модуларната болница. По завршување на сите постапки, надзори и техничкиот прием, објектот се предава на болницата во градот за понатамошно управување и одржување“, рече Филипче и додаде дека поставувањето на овие објекти е со претходна согласност на Светска банка, која ја финансираше изградбата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Како што соопшти претходно, Обвинителството го сомничи генералниот секретар оти во периодот од април 2021 до јануари 2022 г., без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма кој бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.

(ВИДЕО) Мухамед Зеќири спроведен во затворот во Шутка, судот му одреди притвор

Судијата на претходна постапка се одлучил за најстрогата мерка бидејќи, според соопштението...

Во споредба со истиот период лани, бројот на вработени во јавниот сектор е зголемен за 905 лица. Намалување на бројот на вработени има во органите на државната власт, каде во 2020 работеле 15.945 лица, а во 2021 година 15.302 што е намалување за 643 вработувања.

132 илјади вработени во јавниот сектор – 73% Македонци, а 20% Албанци

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити вчера го презентираше...