Мицкоски на вчерашниот собир јавно изрази незадоволство од постапувањето на Обвинителството. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 февруари, 2020 16:04

Рускоска контра Мицкоски: Не штитам никого, никој од мене не побарал ништо!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати критики кон неа за „Дојче Веле“ рече дека  досега никој не и се јавил за да влијае да постапува вака или онака, или за да не постапува.

Мицкоски вчера осврнувајќи се на аудио-снимката во која се слуша гласот на поренешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, упати силни критики кон Рускоска. Тој вели дека е незадоволен од работата на Обвинителството.

Мицкоски на вчерашниот собир јавно изрази незадоволство од постапувањето на Обвинителството. 

„И еве, поминаа повеќе од 48 часа, а нема никаква, никаква суштинска реакција ниту од Рускоска, ниту од било кој друг. Ако Заев е ‘капо де тути капи’ на мафијата, главните советници и верни заштитници на неговиот криминал се Вилма Рускоска и Љубомир Јовевски, запаметете ги овие имиња. А, гледаме дека ништо помалку не биле ни тие од Врховниот суд, врховните судии. Нивните усти се замолкнати, додека ни се уништува државата, додека ги губиме институциите. Овие двајца, плус уште неколку врховни судии засилени со уште неколку медиумски слуги кои не се новинари, а така се претставуваат, се единицата за брза интервенција за спасување на Зоран Заев“, обвини Мицкоски.

Обвинителката Вилма Рускоска за Дојче Веле рече дека откако пратеникот Милошоски и ги доставил аудио снимките, таа ќе постапи како што постапува и за секоја друга“.

„Вчера Антонијо Милошоски ме праша каква е понатаму процедурата со аудио-снимката што ја достави. Направив една паралела. Кога Јордан Камчев дојде да поднесе пријава, достави аудио и видео снимки, а при поднесувањето на записникот за кривичната пријава посочи и лица кои би можеле да посведочат за веродостојноста на тоа што тој го кажува. И додека се чекаше вештачењето на материјалите што ни ги достави, лицата што ги посочи беа повикувани да дадат исказ. Му сугерирав и на Милошоски – ако може да посочи сведоци, бидејќи така многу би се забрзала постапката“, вели обвинителката Рускоска. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Билјана Беличанец-Алексиќ во периодот од 2013 до 2017 година ја извршувала функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода. Таа беше актерка во Драмскиот театар Скопје и мајка на две деца.

ЕДНА ГОДИНА ОД СМРТТА НА БЕЛИЧАНЕЦ- Туфи никогаш нема да биде заборавена!

Пред една година на денешен ден Македонија ја потресе веста за смртта на една од најпознатите...

Џонсон бил сместен на интензивна нега поради „постојани симптоми на коронавирус“, јавува Даунинг стрит.

ВЛОШЕНА СОСТОЈБАТА НА БОРИС ЏОНСОН: Британскиот премиер итно пренесен на интензивна нега!

Британскиот премиер Борис Џонсон е сместен на интензивна нега поради корона вирусот. Премиерот...

Бабата на претседателот Стево Пендаровски, мајката на неговата сопруга Елизабета, починала вчера, а посмртно беа земени брисеви за вирусот Ковид-19.

Излегоа резултатите од тестот за коронавирус на бабата на претседателот која почина вчера!

Денеска од кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски информираа дека...