Русковска најави обвинение следниот месец за организаторите на „крвавиот четврток“

Објавил: Сања Кукиќ | 17 април, 2019 14:00

Рускоска не го очекува Груевски во Македонија, обвинението за организаторите на ,,27 април” ќе го објави за еден месец

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска не го очекува во скоро време избеганиот поранешен премиер, сега азилант во Унгарија, Никола Груевски во Македонија како осомничен организатор на настаните од 27 април.

Најдоцна до крајот на мај очекувам да биде подигнато обвинение за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.

Но, не очекувам дека во скоро време ќе ми се пружи прилика да го сослушам и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, порача денеска Вилма Рускоска, обвинителката од Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Народот пред Собрание влегуваше во неколку групи, но додека се уште траеше прес-конференцијата на новоизбраниот претседател на Собранието – Талат Џафери и лидерот на СДСМ, Зоран Заев најголем дел од новинарите беа во салата каде што се одржуваат прес-конференциите на пратениците.

-Добар дел од сведоците кои планирав да ги сослушам ги сослушав. Оваа недела тече распитот на обвинетите. Следната недела веројатно ќе се договорам со одбраната да извршат увид во доказите, а ќе видам и дали треба да се сослуша уште некој сведок по што ќе ја привршам истрагата, изјави Рускоска по завршувањето на промоцијата на Twinning Light проектот Стандардизација и хармонизација според ИСО17025 стандардот на лабораториите на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија.

Таа не сакаше да прецизира каков е профилот на сведоците кои ги сослушала.

Во врска со реакциите на дел од притворените за случајот кои сметаат дека притворот им е неосновано одреден и предолг и оти досега немаат увид во доказите, Рускоска рече дека Судот треба да оцени дали притворот е основан или не.

-Јас сметам дека е основано одреден. Се работи за многу сериозно кривично дело со една обемна доказна и истражна постапка. Право на секој е да поднесе апликација до Судот во Стразбур, само не верувам дека било кој суд за ваков вид кривично дело би рекол дека четири месеци притвор е предлог притвор, потенцира Рускоска.

Посочи дека се во фаза на преведување на потребните документи за екстрадиција на последниот обвинет во првиот процес за настаните во Собранието кој е во бегство во Шведска.

-Вчера ги дадовме доказите на превод и кога ќе биде готов преводот на доказите и се она што се бара во постапка  за екстрадиција веднаш ќе биде испратено до Министерството за правда, прецизира Рускоска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести