Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зоран Заев се наоѓа на врвот од октоподот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 август, 2019 10:37

Рускоска од април ги има сите докази, а Јанева дури денеска е на распит за Рекет!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рекетот на власта е формално пријавен пред четири месеци, а изнудата на милиони евра, заканите и злоупотребата на институциите се јавна тајна многу подолго, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од април Русковска располага со сите докази за инволвираноста на власта во рекетот, а досега се приведени само двајца извршители и никој друг. Бојан Јовановски е повеќе од 30 дена во притвор и сè уште нема дадено исказ пред обвинител. Се чекаше да помине месец ипол по објавување на снимките од рекетирањето за Катица Јанева да биде повикана за да даде исказ. Очигледна е намерата да се сокриваат докази и одолговлекува истрагата, стои во партиското соопштение.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зоран Заев се наоѓа на врвот од октоподот.

Се сеќаваме на изјавите на Заев дека тој прв го имаше пријавено случајот „Рекет“ на Русковска, но дали има записник и зошто доколку не е тоа новинарите ги упатуваше сами да пријават, не се знае. Заев се наоѓа на врвот од октоподот. Очите не заболеа од блескање во криминално-рекетарскиот октопод кој што го штити Зоран Заев. Јанева е обвинителката која заедно со Боки 13 и Зоки Кичеец изнудувала пари од бизнисменот Орце Камчев, за потоа да каже дека и бил изгубен мобилниот телефон, кој подоцна форматиран беше пронајден кај девојката на нејзиниот син, која денеска во улога на сведок ќе ја замајува македонската јавност дека немала никаква врска со овој случај. Знаеме дека рекетирани биле десетици бизнисмени од страна на криминалната мрежа, и биле земени десетици милиони евра, власта не запрела само кај Орце Камчев и за сето тоа бил информиран Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат дека никој повеќе не верува во оваа власт. 

Не се доволни правдавањата на Заев. Никој повеќе не верува во оваа власт. Тој има одговорност да си поднесе оставка, но нема храброст да се соочи со револтот на граѓаните кои ќе го казнат на следните парламентарни избори, затоа што никој не сака да живее во држава во која власта е на врвот од криминалната мрежа, во која организирано се рекетира и во која правдата е концепт кој ги штити криминалците. Предвремените парламентарни избори се нужност која што треба да се случи, порано или подоцна на Заев и на власта ќе им биде испорачана казната од граѓаните, обновата на Македонија ќе се случи кога Зоран Заев ќе си замине од власта, велат од партијата.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Од МВР потврдија дека на Бујар Османи ќе му биде поднесена прекршочна пријава поради кршење на Законот за патен сообраќај.

Османи заработи прекршочна пријава за зборување по телефон додека вози

Бујар Османи си заработи пријава за сторен сообраќаен прекршок по законот за безбедност...

Тој во моментов работи и во затворот во Идризово, а два пати во неделата доаѓа и во Истражниот затвор во Шутка.

Ова е затворскиот пензиониран психијатар кој ја лекува Катица Јанева во Шутка!

Затворскиот психијатар Мирко Треневски кој пред половина година замина во пензија,...

Таа пред своите колеги тогаш истакна 'Се може да пропадне само СЈО не'. Убедливо и решително се обрати тогаш Катица Јанева на своите колеги во изјава дадена пред целиот колектив пред околу 3 години.

ВИДЕО: Јавно ветување кое Катица Јанева не го исполни и ги извиси своите колеги

Разрешената обвинителка Катица Јанева која беше на врвот на СЈО, по се изгледа не си...