Русковска потврди дека бизнисмени тврделе дека биле уценувани од истите лица кои се осомничени во истрагата за случајот „Рекет“.

Објавил: Перо Милчин | 19 јули, 2019 10:42

РУСКОСКА: „Се уште не е завршено вештачењето на телефонот на Јанева„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Обвинителката Вилма Русковска за Дојче веле утрово изјави дека засега нема нови вести, во врска со истрагата за случајот „Рекет“ и дека сѐ уште не е завршено вештачењето на одземениот телефон на обвинителката Катица Јанева.

Обвинителката Вилма Рускоска за Дојче веле изјави дека Јавното обвинителство, има сознанија и за други случаи на уцени кои се вршени од лицата осомничени во случајот „Рекет“, но засега не се открива за колку случаи се работи.

Како што тврди Рускоска веќе неколку бизнисмени дале изјава во обвинителството.

„Имам сознанија за други случаи, но не можам да ви кажам за колку лица се работи. Тие лица дадоа изјава и сега бараме докази за да ги потврдиме исказите“, изјави јавната обвинителка за организиран криминал, Вилма Русковска утрово за Дојче веле.

Боки 13 доцна вечерта беше однесен пред судот, каде му беше одреден 30 дневен притвор.

Русковска потврди дека тие бизнисмени тврделе дека биле уценувани од истите лица кои се осомничени во истрагата за случајот „Рекет“.

Јавното обвинителство на прес-конференција пред неколку денови соопшти дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито влијание.

Едниот од нив пак, се терети за уште едно дело – перење пари.  Пред истрагата откри дека во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен.

Притоа користеле име на извесен јавен обвинител, но името идентитетот на истиот обвинителството не го откри. Двајцата осомничени како што тврди обвинителството, од бизнисменот барале 8 милиони евра. Добиле 1,5 милиони евра во неколку наврати. За да продолжат да му помагаат на лицето, било договорено да примат уште 5 милиони евра како награда.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Заев потенцира дека препораките на Венециојанската комисија во однос на судските постапки може да се имплементираат преку измени на Законот за кривична постапка и Законот за судови, кои се носат со дво-третинско мнозинсвто. Какви измени ќе претрпат овие законски решение ќе утврдува посеба комисија до крајот на недекава.

Законот за јазиците нема да се менува, „Венецијанска“ ќе се спроведе преку измени во други закони

Препораките на Венецијанската комисија ќе се имплементираат без да се менува Законот...

Охриѓанката Јана не издржа да се соберат потребните средства за лекување  во Барселона кои се собираа повеќе од два месеци.

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Јана Арсовска- не издржа да се соберат парите за лекување

По четири години битка со  ракот храброто срце на Јана Арсовска денеска престана...

Халачи прислушкуваните материјали ги прати во јуни годинава прво до обвинителката која го води случајот „Монструм“, Фатиме Фетаи, а потоа и до поранешното Специјално јавно обвинителство поврзани со петкратното убиство.

Осуден во „Диво Насеље“ пратил снимки на Фатиме Фетаи и Ел Чека за „Монструм“

Шевчет Халачи, обвинет во случајот „Диво Насеље“ пратил снимки од случајот Монструм...

Ваквата одлука предизвика бурна реакција во Приштина и Тирана, но и на други места. Одлуката ја критикуваше јавно и познатата новинарка на Си-Ен-Ен Кристијан Аманпур. Критичарите тврдат дека Австриецот не само што своевремено застанал на страната на Милошевиќ, туку не го признава геноцидот во Сребреница.

Градоначалникот на општина Центар за Димитров: Тој е идиот!

Македонија се приклучи на Албанија, БиХ, Хрватска, Косово и Турција, во бојкотот за...