Руското МНР посочи дека уцените и заканите врз осум пратеници од опозицијата не може да се наречат манифестирање на демократските вредности при гласање уставни измени

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 13:45

Руското МНР со обвинувања дека осумте пратеници биле уценувани

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека САД организирале „нефер гласање“ во македонскиот парламент, со кое беше одобрена промената на името на Република Македонија.

Русија смета дека парламентарното гласање било наместено и тврди дека осум гласа биле обезбедени „преку уценување, заканување и подмитување опозициски пратеници“.

Тројца од нив, по чиста случајност – тој ден беа ослободени од притвор, на двајца што беа уапсени им беше ветена слобода, а на останатите во замена за ‘правилниот глас’ им беа дадени корумпирачки финансиски предлози.

Парламентарците беа затворени во канцелариите, мобилните телефони им беа запленети, очигледно во духот на европската демократска практика. Вреди да се забележи дека американскиот амбасадор беше во парламентот до крајот на седницата, што не остава сомнеж во тоа кој го водел овој процес. – се надевува во сооштението.

Руското МНР смета дека во петокот во Македонија имало се, само не и демократски процес на изјаснување на народни избраници.

Она што се случи за нас е отворено прекршување на сите норми, и од правна и од морална гледна точка. Ваквите валкани манипулации не може да се сметаат за израз на волјата на пратениците. – се вели во соопштение на руското министерство и се додава дека „решението на спорот меѓу Атина и Скопје треба да биде на законски основи, со широка поддршка од народот, а не да внесува раздор во општеството“.

На ова со два дена задоцнување се огласи и Македонското МНР, во чие соопштение стои.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги смета наводите во коментарот како целосно неосновани и невистинити, изнесени со јасна тенденција да се компромитира политичкиот процес од историско значење за Република Македонија и за сите нејзини граѓани.

Пратениците во Собранието на Република Македонија, со целосно почитување на сите демократски принципи и предвидената парламентарна процедура, донесоа одлука која ги рефлектира децениските заложби на Република Македонија за членство во НАТО и во Европската унија, како стратешки приоритети за кои постои најширок можен општествен консензус, а што добро им е познато и на нашите руски пријатели. – стои во денешното соопштение од МНР.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Експерти од областа на безбедноста се едногласни во констатациите дека бегството на Груевски во конкретната ситуација е едноставно невозможно без знаење на Спасовски и Заев

Спасовски и Заев знаеле за Будимпешта

Речиси е едногласен ставот на експертите од областа на безбедноста, дека бегството...

Шефот на македонската дипломатија и државниот секретар, Димитров и Димовски оствариле средба со заменик амбасадорот на Унгарија, кој го поставил "вистинското" прашање

Димитров прими “дипломатско” кроше од Унгарија

По објавата на социјалните мрежи, лично од поранешниот премиер и актуелен пратеник,...

Бегството на Груевски доволна причина Јанева по одобрение на Кривичен суд да активира најмалку стотина барања за изрекување времена мерка притвор за случаите на СЈО

Спасовски и го отвори патот на Јанева за масовно приведување

Изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовси, дека нема вина кај органите...

Во правна држава за која знаеме дека е дотолку повеќе полициска, едноставно е невозможно првото име на "декадното режимско владеење" да не се знае каде е четири дена по ред

Бегството на Груевски, со “амин” на Заев и Спасовски?

Пред три години, во екот на политичката криза во Македонија, во јавноста провејува...