
Македонија
Вести
Сметам дека мојот исказ ќе придонесе за развој на истрагата, во делот на настаните поврзани со предметот „Поштенска банка“, изјави обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство, по неговото двочасовно сведочење во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“.
Рустеми за денешниот распит како сведок пред Вилма Рускоска, кажа дека бил прашуван конкретно за истрагата „Поштенска банка“ чиј предметен обвинител е тој.
Дадов изјава во својство на сведок во случајот „Рекет“ во врска со прашања поврзани со истрагата „Поштенска банка“, која истрага јас ја водам во СЈО. Одговорив на сите прашања за кои што се интересираше Обвинителката, ги дадов сите информации. Ја кажав вистината и сметам дека мојот исказ ќе придонесе за развој на истрагата, во делот на настаните поврзани со предметот „Поштенска банка“, изјави Рустеми.
На прашањето дали се точни информациите дека добиле закани од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дека „ќе пропаднат заедно со неа“, Рустеми рече дека тој не чувствувал сериозно влијание за неговиот исказ денеска и доколку имало влијаење тоа ќе го пријавел.
Јас не чувствував сериозно влијание за мојот исказ што го дадов денеска. Во спротивно, јас би пријавил ако некој влијаеше што да кажам, изјави Рустеми.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.