
Спорт
Ракомет
Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски, најави дека РФМ ќе поднесе жалба до ИХФ за делењето на правдата на средбата со Холандија.
-За 12 години во ракомет не сум видел натпревар со повеќе пенали, повеќе украдени топки, повеќе искалкулирани фаули.
Во превод… дробење. Досега ретко сме се жалеле, може двапати до сега, ама ова беше под секое спортско достоинство.
РФМ ќе поднесе жалба, но без оглед на резултатот, Македонија победи, напиша Милошевски на Фејсбук.
Иако апсолутно никој не сака да го оправда фрлањето предмети на терен од страна на поединци, јасно е дека македонските фанови беа единствено испровоцирани од срамното судење на Данците, нешто кое, пак, Холанѓаните воопшто не го спомнуваат. Според нив немало причина за реакција од Македонците, притоа крајно драматизирајќи ги настаните по мечот иако ниту од далеку не беа „застрашувачки“, какво што сакаат да се прикажат.
Главната ѕвезда на тимот, ракометарот на ПСЖ, Лук Стајнс малку зборуваше пред домашните медиуми за самиот натпревар, но повеќе за македонските навивачи, со нескриена драма за случувањата по крајот на мечот.
„Како мнуваше времето, работите стануваа се полоши, па на крајот од натпреварот, моравме и да се засолниме и да не се ракуваме со противниците. Нивните навивачи се обидоа да ги прескокнат оградите во обидот да влетаат на теренот. Вакви сцени првпат гледам“ – изјавил Стајнс.
Помошникот на холандскиот селектор, пак, информираше дека ќе биде доставена жалба до Светската ракометна асоцијација.
„Тоа што се случи на крајот беше застрашувачки, но за среќа никој не заврши со повреда. Сигурно нема да оставиме работите да завршат вака, веќе подготвуваме извештај за случувањата на крајот. Вакво однесување не е прикладно за еден ракометен терен“ – изјавил Ваи Вонг за холандските медиуми.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.