Сенатот гласаше со 91 глас „за“ и два „против“ од републиканските сенатори Ренд Пол од Кентаки и Мајк Ли од Јута.

Објавил: Сара Фемина | 23 октомври, 2019 0:42

САД го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО – остануваат уште четири земји!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Американскиот Сенат со огромно мнозинство денеска го ратификуваше Протоколот за членство на нашата земја во НАТО.

Сенатот на Соединетите американски држави со 92 гласа „за“ и два „не“ го изгласа пристапниот протокол за влез на Македонија во НАТО.

Протоколот за членство на Република Македонија беше испратен до Сенатот од американскиот претседател Доналд Трамп на 30 април оваа година. 

-И честитаме на земјата за сите напори и напорна работа за постигнување на оваа цел. Очекуваме во блиска иднина да ви посакаме добредојде како 30 земја НАТО сојузник, објави Амбасадата на САД во земјава на својата Фејсбук страница.

Ратификацијата ја поздрави и амбасадорката Кејт Брнс, оценувајќи ја како резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината.

– Многу сум задоволна поради огромната поддршка во Сенатот за ратификацијата на пристапниот протоколот на Северна Македонија во НАТО. Тоа е резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината. Со нетрпение очекувам продолжување на развојот и зајакнување на партнерството меѓу нашите две земји, порача на Твитер американската амбасадорка Брнс.

За 9 месеци, Протоколот за членство во НАТО го ратификуваа 25 држави.

Покрај Америка, недостасуваат уште четири земји да ги завршат процедурите, по што и официјално ќе станеме полноправна членка на Алијансата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите

Ковачевски: Автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски, упати честитка по повод автокефалноста на Македонската...

Претходно шефот на државата упати честитка за ваквата одлука и порача дека ова е радосна вест за сите граѓани на земјава од православна вероисповед.

Пендаровски и Вучиќ со заедничка фотографија од Давос ја поздравија одлуката на СПЦ

Со заедничка фотографија во Давос македонскиот и српскиот Претседател Стево Пендаровски...

Од денеска шатори и вреќи за спиење пред владата, Независниот синдикат на професионални војници излезе на штрајк.

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА! Од...

Православните христијани  денеска го одбележуваат летниот Свети Никола, празник посветен на преносот на моштите на Светиот отец Николај- Мирликискиот чудотворец.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денеска се слави летен Свети Никола

Православните христијани  денеска го одбележуваат летниот Свети Никола, празник...