
Македонија
Вести
САД го ставија струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко на црната листа поради „значителна корупција“.
Во писмената изјава на портпаролот на Стејт депратментот, Метју Mилер се вели дека Рамиз Мерко како градоначалник злопотребил фондови и се мешал во судските и други јавни процеси. Оваа забрана се однесува и на сопругата и трите деца на Мерко.
Ваквото однесување на Мерко влијаело во намалување на довербата на населението во „демократските институции на Северна Македонија“.
„Ова е отворена порака на САД до Македонија во правец на засилување и стабилност на демократските иnституции и владењето на правото. Со ова сакаме да ги потсетиме сите институции на нивната задача во борбата против корупцијата“, се вели во изјавата.Подолу е оригиналното соопштение од САД:
Designation of Ramiz Merko, Mayor of Struga, North Macedonia, for Significant Corruption
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.