САД ја повикаа Србија да ги повлече овие сили од границата.

Објавил: Македонка Димкин | 30 септември, 2023 12:28

САД загрижени од големата воена мобилизација на Србиjа на границата со Косово, повикаа Белград да ги повлече силите

Фото/Текст извор: ©Инфо Плус

Менторите на Косово се загрижени од големото воено присуство на Србија на границата со Косово и го повикаа Белград да ги повлече своите сили од пограничната зона, каде се забележани српски тенкови и артилерија. 

Србија распоредила „напредни тенкови и артилерија“ во близина на границата со Косово по насилните и смртоносни судири во близина на манастир во северно Косово минатата недела, предупреди синоќа Белата куќа. 

-Набљудуваме големо српско воено распоредување долж границата со Косово, изјави за новинарите Џон Кирби портпарол на Националниот совет за безбедност на Белата куќа. 

„Тоа вклучува досега незабележано поставање српска напредна артилерија, тенкови, махенизирани пешадсики единици. Веруваме дека ова е прилично дестабилизирачки развој“, рече тој. 

САД ја повикаа Србија да ги повлече овие сили од границата.  

Кирби рече дека трупањето на оружјето се случува во текот на оваа недела, но дека сепак не е јасно која е целта. 

Во судир меѓу српски националисти и косовската полиција на северот од Косово минатата неделе беше убиен еден косовски полицец. Тројца од напаѓачите потоа беа лоцирани и убиени. 

Државниот секретар Ентони Блинкен вчера претпладне телефонски разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ, при што го повикал на „итна деескалација и враќање кон дијалог“, додаде Кирби. 

Вучиќ не негирал директно дека се случува трупање, но ги отфрлил повиците дека армиските сили на Србија се ставени во состојба на готовност. 

Советникот за национална безбедност Џејк Саливан, исто така зборувал со косовоскиот премиер Албин Курти и „изрази загриженост за српската воена мобилизација“, се вели во соопштние објавено после телефонскиот разговор. 

Курти подоцна на социјалните мрежи укажа дека побарал од САД „зголемена помош против воените планови на Србија“. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Тензиите меѓу Белград и Приштина ескалираа на 24 септември кога косовската полиција се судри со вооружена група во селото Бањска, северно Косово.

Рама смета дека ситуацијата на северот на Косово е опасна, Вјоса Османи ги повика ЕУ членките да ја санкционираат Србија

Премиерот на Албанија – Еди Рама денеска во Гранада изјави дека е загрижен за ситуацијата...

Правеа комеморација за сите Албанци убиени во Куманово. Цела сала, сите беа организирани. И никому ништо.

Вучиќ со слики од „Диво насеље“ порача: Ова е лицемерието на албанските власти кои држат предавања за европски вредности

Српскиот претседател Александар Вучиќ во гостување на РТС ги коментираше настаните...

Советничката на косовскиот министер за заедници и враќање, Ненад Рашиќ, истакна дека „Србите повторно го претвораат стратешкиот пораз во „небесна победа“.

Мистериозна рака“ која има влијание и врз Србите и врз Албанците го извлекла Милан Радојчиќ од Бањска

Косовската политичарка од редовите на српската заедница, Рада Трајковиќ изјави дека...