
Свет
Анализа
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на вчерашната средба со директорот на Светска здравствена организација Тедрос Адханом Гебреисус во Кувајт договорија изработка на дополнителни студии за откривање на потеклото на пандемијата.
На состанокот беше истакнато дека во следната фаза, истрагата мора да биде навремена, базирана на докази, транспарентна и да биде водена од експерти врз кои не може да се влијае, се посочува во соопштението на Стејт департментот.
СЗО претходно повика на заедничка истрага за да се открие потеклото на коронавирусот, но Кина ги отфрли плановите за дополнителни инспекции на лаборатории и пазари на нејзина територија.
Третата доза на вакцината против коронавирус може да ја зголеми заштитата од делта сојот на вирусот до 100 пати, се наведува во извештајот објавен од американската фармацевтска компанија „Фајзер“.
Третата доза значително ги подобрува податоците за неутрализирање на делта варијантата. Очекуваниот потенцијал е зголемување до 100 пати во неутрализацијата на делта варијантата по приемот на третата доза”, се наведува во документот на компанијата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.