„Соединетите Американски Држави ја поддржуваат посветеноста на Македонија и Албанија за интеграцијата во Европската унија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 октомври, 2019 15:58

САД: Многу сме разочарани од одлуката на ЕУ за Република Македонија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

САД изразија голема разочараност затоа што Европскиот совет не додели датум за преговори за Македонија и за Албанија. Во соопштението велат дека САД ги охрабрува двете држави да останат цврсти во градењето на транспарентно и демократско општество.

Стејт департментот вели дека Албанија и Македонија, спровеле важни реформи и се надеваат дека Европскиот совет ќе постигне консензус за позитивна одлука пред самитот ЕУ-Западен Балкан наредната година.

„Соединетите Американски Држави ја поддржуваат посветеноста на Македонија и Албанија за интеграцијата во Европската унија. Разочарани сме што Европскиот совет не ги прифати силните реформски напори на секоја земја. Позитивната одлука би го потврдила кредибилитетот на нивниот пат кон ЕУ и цврсто ќе се спротивстави на малигните надворешни актери, кои сакаат да ги поткопаат западните вредности и евроатлантската заедница. Признаваме дека Европскиот совет не кажал „не“ ниту на Албанија, ниту на Северна Македонија, ниту ЕУ воспостави нови услови за започнување на пристапните преговори. Се надеваме дека Европскиот совет ќе постигне консензус за позитивна одлука за двете држави пред самитот ЕУ-Западен Балкан следниот мај“, соопшти Стејт департментот.

„Ние ги охрабруваме двете држави да останат цврсти во градењето на транспарентно и демократско општество. САД ќе продолжат да работат со европските партнери за да ги унапредат споделените цели за стабилност и безбедност на Западен Балкан“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Здравствениот одбор на Глазгов инсистира дека причината за инфекцијата не може да се открие.

Ќерката (10) ја победила леукемијата, а потоа ненадејно починала: Мајката ја обвинува болницата, случајот стигна до шкотскиот парламент

Мили Мејн, девојче (10) од Велика Британија, ја победи леукемијата, но набрзо потоа почина...

Шила изјавила дека детето се родило дома и дека никогаш не било на лекар. Бебето на веганската двојка починало од неухранетост зашто го хранеле само со овошје и сиров зеленчук, велат полицајците.

Бебето им умрело од глад: Родителите вегани го хранеле само со овошје и зеленчук

Шила (35) и Рајан О’Лири од Америка се обвинети за убиство и занемарување на дете откако...

Вчера повторно имаше голема поплава која зафати околу 70 отсто од Венеција, која е под заштита на УНЕСКО. Нивото на водата се искачи на 150 сантиметри над морето.

По три поплави во една седмица, конечно се стабилизира ситуацијата во Венеција

Конечно добри вести од Венеција која поради плимата беше поплавена трипати во една...