Претседателот на Америка,  Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа посочи дека САД нудат помош за Иран, Северна Кореја и други земји.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 март, 2020 11:44

САД понуди помош, Иран одби обвинувајќи ги за теории на заговор со корона вирусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

САД понудија помош на Иран за соочување со коронавирусот, но Иранската Влада одби билокаква помош од Америка посочувајќи дека најмногу би било од помош кога би ги укинале санкциите.

– САД повеќе би помогнале кога би ги укинале санкциите и со тоа ќе ги ослободат ресурсите на Иран за да може да се бори против вирусот, се наведува во соопштението на иранската Влада.

Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека САД се подготвени да излезат во пресрет и да понудат помош на Иран, Северна Кореја и други земји погодени од Коронавирусот.

Претседателот на Америка,  Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа посочи дека САД нудат помош за Иран, Северна Кореја и други земји.

Исто така и врховниот верски лидер, ајатоолахот Али Хамнеи ја одби американската помош

– Имаме многу непријатели, а САД меѓу нив е најлош…. А сега сакаат да ни помогнат. На САД би им било подобро да ги помогне своите граѓани.Во такви околности никој не треба да обрнува внимание на таквите понуди, истакна Хамнеи.

По примерот на Иран, вчера и  пакистанскиот премиер Имран Кан ги повика САД да ги укинат санкциите кон Иран.

За потсетување, Иран е една од земјите каде е жариштето на Коронавирусот.  Како што беше соопштено од иранското Министерство за здравство до саботата регистрирани се над 20.000 луѓе со новиот коронавирус, од кои 1.556 починаа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според Ријад, нејзината квота би се намалила за 3 милиони барели, а Обединетите Арапски Емирати, Ирак и Русија треба да го намалат производството за 1,5 милиони.

Ултиматум за Владимир Путин: Додека продолжува војната за нафта помеѓу Русија и Ријад, Путин издаде посебна наредба!

Два дена пред состанокот на групата ОПЕК и сите други земји што произведуваат и извезуваат...

Центарот за контрола и превенција на болести од Јужна Кореја соопшти денеска дека најмалку 802 заразени лица биле поврзани со патници кои доаѓале од странство.

Со електронски ракавици се следат лицата во самоизолација: Јужна Кореја со нови мерки!

Властите на Јужна Кореја размислуваат да користат електронски нараквици за да го следат...

Џонсон побара од секретарот за надворешни работи Доминик Раб да го замени „таму каде што е потребно“, рече неговиот портпарол.

БОРИС ЏОНСОН СЕ УШТЕ Е НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА: Водеше тешки политички борби, сега се бори против Коронавирусот!

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина ноќта на интензивна нега во една централна...

Пожарот е изгаснат 18 часа подоцна, рече Авниев, додавајќи дека самиот аеродром не е оштетен.

Огромен пожар проголта 3.500 автомобили: Пожарникарите 18 часа се бореа со огнената стихија(ВИДЕО)

Пожарот што избувна на тревата околу меѓународниот аеродром во Југозападна Флорида...