Џон Ерат и директорот за Балкан, Бред Беркли, им соопштиле на косовските власти дека САД ќе ги повлечат своите трупи од таа земја доколку не се исполни барањето на Вашингтон

Објавил: Македонка Димкин | 28 февруари, 2019 20:09

САД со порака до косовските власти: Укинете ги санкциите или си заминуваме

Фото/Текст извор: ©газета експрес

Високите претставници на Националниот совет за безбедност на Соединетите Американски Држави, шефот на Советот за европски прашања Џон Ерат и директорот за Балкан, Бред Беркли, им соопштиле на косовските власти дека САД ќе ги повлечат своите трупи од таа земја доколку не се исполни барањето на Вашингтон за суспендирање на санкциите што Владата на Рамуш Харадинај ги воведе на увозот од Србија и Босна и Херцеговина.

Оваа информација ја објави порталот „Газета Експрес“, цитирајќи сопствен извор, кој учествувал на средбите на, како што ги нарекува медиумот, „луѓето на американскиот претседател, Доналд Трамп“ со претседателот на Косово Хашим Тачи и другите челници на косовските институции.

»На досегашните средби се заканија дека можат да се повлечат од Косово и воено, исто како од Сирија, вели изворот на приштинскиот портал, кој напоменува дека САД во Косово моментно имаат околу 650 војници, стационирани главно во кампот „Бондстил“, кој е најголема американска база во Европа.

Мандатот на КФОР е да се обезбеди закон и ред, под услов администрација на Времената Мисијиа на Обединетите нации на Косово (УНМИК) и локалната полиција (КПС – Косовската полициска служба), да не се во можност тоа да го осигураат. Оваа цел ќе се постигне со патроли, воздушно набљудување, поставување на контролните пунктови, како одговор на итни повици, пребарување , граничен надзор, истрага на криминални активности и апсење или притворање кривично сомнителни лица. Со развојот на Косовската полициска служба (КПС) полициските функции на КФОР се повеќе и повеќе се во позадина и интегренциите се префрлаат на КПС.

Високите претставници на Националниот совет за безбедност на САД, Ерат и Бредли, од вчера престојуваат во Приштина, каде допатуваа по дводневна посета на Белград и имаa средби со високи претставници на српската држава. Целта, како што објавија, е да помогнат во деблокирање на дијалогот за изнаоѓање конечно решение за споровите меѓу Косово и Србија.

Во Приштина претставниците на Националниот совет за безбедност на САД го повторија барањето на Вашингтон до Владата на Рамуш Харадинај да ја суспендира таксата на увозот од Србија, но косовскиот премиер останува упорен на ставот дека санкциите ќе ги укине тогаш кога Белград ќе ја признае косовската држава во нејзините сегашни граници.

Претседателот Тачи, пак, порача дека косовските институции треба да се замислат „во однос на добронамерното американско барање за суспендирање на такста и за отворање на можноста за постигнување договор (меѓу Косово и Србија) во текот на оваа година“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Поради ситуацијата на Косово, војската на Србија е во состојба на готовност и подигнато е нивото на борбена готовност. Не можеме да бидеме опуштени, Србија е сериозна држава, преземна одговорност за сите можни проблеми истакна спрскиот

Во Косово стапи на сила одлуката за замена на српските со косовски регистарски таблички

Во Косово стапи на сила одлуката за замена на српските со косовски регистарски таблички...

Во соопштението на полицијата се наведува дека возилото врз кое биле фрлени пиротехнички средства се наоѓало на статичен пункт поставен за спречување на прекуграничниот шверц во таа област.

НОВ НАПАД ВРЗ КОСОВСКАТА ПОЛИЦИЈА НА ГРАНИЦАТА СО СРБИЈА

Косовската полиција соопшти дека рано утрово се случиле две нови експлозии во близина...

Од Владата се бара да ги преземе неопходните активности за да спречи кршење на суверенитетот и уставниот поредок на Косово!

Косово усвои Резолуција против одржување на српскиот референдум

Со 76 гласа пратениците во косовското Собрание неодамна ја усвоија Резолуцијата против...

По денешната акција на косовската полиција на четири локации во Косово, премиерот Албин Курти рече дека акцијата е во насока на спречување на нелегални активности, додавајќи дека нема да се толерираат криминалци и криминални групи.

Немири во Косово: Вучиќ се закани дека ќе ги згази косоварите

Александар Вучиќ пртетседателот на Србија, изјави денеска, за време на разговорите...