
Македонија
туризам
Потпретседателот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ оствари работна средба со Елена Младеновска-Јеленковиќ, извршен директор на здружението „Вина од Македонија“.
Двајцата соговорници на средбата, а во пресрет на третата по ред „Винска визија – Отворен Балкан“ што од 22 до 24 ноември се одржува на Белградскиот саем, зборуваа на тема претставување на домашните изложувачи на Саемот, како и унапредување на винската индустрија во регионот, со цел успешна презентација и интеграција на вината од Македонија и регионот во глобалната и европска економија.
Воедно, на средбата стана збор и за потенцијалите на македонската винска индустрија, како и за надминувањето на проблемите со кои се соочуваат домашните производители.
Инаку, во склоп на „Винска визија – Отворен Балкан“, саем на вино, храна и туризам што се одржува во рамките на Отворен Балкан афирмираната платформа за мир, ќе настапат повеќе од 80 изложувачи, а ќе бидат претставени македонските винарии и дестилерии.
„Винска визија – Отворен Балкан“ е одлична можност за презентација, промоција, но и поврзување на регионот во смисла на размена на производите, па за таа цел вицепремиерот и министер Стоилковиќ и Младеновска – Јеленковиќ се согласија дека е важен заедничкиот настап на сите земји од Западен Балкан, за успешното претставување во голема мера да може да придонесе за понатамошниот развој на домашната економија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.