Сега покојниот починал по силен удар, а не од пад или удар на асфалт или кутија-истакна вештакот

Објавил: Сања Кукиќ | 14 март, 2019 13:25

Саздо починал од силен удар

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Вештачењето покажа, 20 годишниот Никола Саздовски починал од  силен удар, а не од пад или удар на асфалт или кутија!

Со сослушување на вешто лице од судска медицина, предложен од обвинителството за дополнително изведување докази по реконструкцијата на настанот, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето на Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо.

Никола Саздовски – Саздо, 20-годишно момче, беше дел од навивачката група ,,Комити”, и во јули минатата година беше крвничнички претепан. Полицијата при информирање за настанот истиот го квалификуваше како „насилство“. Јавноста реагираше за настанот, а социјалните мрежи беа полни со револт и коментари.

Вештакот рече дека по направената реконструкција и увидот во списите, остануваат на ставот за начинот и причините на смртта на сега покојниот Саздовски.

– Сега покојниот починал по силен удар, а не од пад или удар на асфалт или кутија, со оглед дека на телото не се констатирани никакви повреди од пад на тврда подлога, што е наведено и во претходните вештачења и искази пред овој суд – истакна вештакот.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во 2017 Заев: Ова е политичка манипулација од страна на нашиот политички опонент којшто сака да го дефокусира вниманието . 2019 Македонија има план – на бегалците им нуди домување, образование, вработување.

Зоран Заев со нов план за живот, мигрантите се на пат, се чека само погоден момент?

Националната телевизија Алфа со прашање до владата: Дали последните препораки од американската...