Со Македонија не’ има, без Македонија сите заедно ќе не (с)нема! Само Македонија, никогаш северна! Македонија вечна од исконот до бескрајот!

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 ноември, 2020 21:58

Сакајте ја Македонија, да и го вратиме достоинството, името на државата Македонија и идентитетот на нацијата Македонска!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

НАЦИОНАЛИЗМОТ Е ПАТРИОТИЗАМ, ГЛОБАЛИСТИТЕ САТАНИСТИТЕ!

Народите живеат, сите ние живееме во свет на нации! И затоа, основна идеологија во свет на нации е национализмот!

Во свет на нации, државите се национални! Во свет на нации не постојат анационални држави! Во свет на нации анационалистите се минорни малцинства!

Во свет на нации анационалисти се глобалистите!

Во свет на нации, националист значи патриот! Национализмам е друго име за патриотизам, и обратно патриотизам е друго име за национализам. Национализмот и патриотизмот не се антагонистички идеологии, тоа е едно те исто! Националист е пежоративен израз на глобалистите за патриот во нивниот “нов светски поредок“, во кој корпоративниот глобализам врз основа на профитните интерси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси јазици религии и култури, се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка!

За неколку стотини години, колонијализмот и империјализмот ликвидира стотици етноси јазици религии и култури од планетава Земја!

Антипод на светот на нациите е корпоративниот глобализам како промотор на новиот светски поредок на свет без нации. И, глобалистите не избираат средства за остварување на таа цел.

Кај нив светоглед е капиталот! Војната на глобалистите против националистите е маска да се пресметаат со патриотите за да се уништат нациите!

На Корпоративниот глобализам не му треба свет со нации, граници, царини и даноци, на мултинационалните корпорации пред се’ им е профитот и ништо друго освен профитот, се’ е подредено на таа цел. Ги индоктринираат младите да ја мразат нацијата на која припаѓаат, да се одродуваат од своите родители…

За корпоративните глобалисти, националистите се шовинисти. Кажано поедноставно или поразбирливо: Корпоративниот глобализам е против свет на нации, поради пазари за профити без граници, даноци и царини.

Затоа, корпоративните глобалисти се борат против “националистите” како зло на нивниот “правен“ поредок, во целта да ја уништат националната држава како пречка за свет без нации, граници, даноци и царини, за свет во кој доминираат профитите на крупните монополи, да ја уништат цивилизацијата во целост.

Замислете, само две фамилии во САД располагаат со богатство колку половина од американската нација заедно!

А, колку фамилии се сопственици на сите луѓе во светот?! Се бројат ли повеќе од десетте прсти на двете раце?! Важно сме за права и слободи, правда и демократија, отворено општество…

Кој ќе преживее ќе раскажува… да се само живи Маркс, Енгелс и Ленин…

Затоа и говорот на американскиот претседател Донал Трамп на 74 сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации на 25 септември 2019 година:

“Како и мојата сакана земја, секоја нација претставена во оваа сала има негувана историја, култура и наследство, тоа вреди да се брани и да се слави, во тоа е нашата сила! Слободниот свет мора да ги прифати своите национални темели. Неприфатлив е обидот да се избришат или заменат. Гледајќи ја оваа голема и прекрасна планета, вистината е јасна за сите: Ако сакате слобода – бидете горди на вашата земја! Ако сакате демократија – чувајте го вашиот суверенитет! Ако сакате мир – сакајте ја својата нација!

Мудрите лидери секогаш на прво место го ставаат доброто на сопствениот народ и нивната земја. Иднината не им припаѓа на глобалистите!

Иднината им припаѓа на патриотите! Иднината им припаѓа на суверените и независни нации кои ги штитат своите граѓани, ги почитуваат своите соседи, и ги почитуваат разликите што ја прават секоја земја посебна и уникатна. Вистинска полза за една нација може да постигнат само оние кои ја сакаат, од граѓани кои се вкоренети во нејзината историја, кои се хранат со нејзината култура, кои се посветени на нејзините вредности, приврзани кон својот народ и кои знаат дека нејзината иднина е нивна, таа или се гради или се губи. Патриотите гледаат на нацијата и на нејзината судбина на начин на кој не може никој друг!

Слободата може да се сочува, суверенитетот е безбеден, демократијата се одржува, само ако ова благородие се остварува со волјата и посветеноста на патриотите! Во нивниот дух е силата за отпорот кон угнетувањето, инспирацијата за создавање на наследство, добрата волја да се бара пријателство и храброст да се постигне мир! Љубовта кон нашите нации го прави светот подобар за сите нации!

Затоа, кон сите лидери овде денес: Придружете ни се во најсветата мисија што некој може да ја има, најзначајниот придонес што некој може да го стори. Кренете ги своите нации! Негувајте ја вашата култура! Почитувајте ги вашите истории!

Ценете ги вашите граѓани! Направете ги вашите земји силни, просперитетни и праведни! Почитувајте го достоинството на Вашиот народ и ништо нема да биде недостижно! Кога нашите нации се подобри, иднината ќе ни биде посветла, нашите луѓе ќе бидат посреќни, а нашите партнерства ќе бидат посилни!

Со Божја волја, заедно ќе ги оневозможиме непријателите на слободата и ќе ги надминеме угнетувачите на достоинството. Ќе поставиме повисоки стандарди на живеење и ќе постигнеме нови дострели во човековите достигнувања. Ќе ги разоткриеме старите вистини, ќе ги откриеме старите мистерии, и ќе направиме возбудливо нови откритија.

Ќе најдеме поубави пријателства и повеќе хармонија меѓу нациите од било кога досега. Колеги лицери, патот кон мирот и развојот, слободата и правдата, и подобар свет за целото човештво, започнува дома! Ви благодарам! Бог да Ве благослови! Бог да ги благослови нациите во светот и Бог да ја благослови Америка! Ви благодарам на вниманието.”

Кон ова обраќање во Обединетите Нации, не случајно, Доналд Трамп на завршната дебата во Калифорнија пред ветераните на американските маринци на 29 мај 2016 година го воодушеви светот со својата изјава “НАТО треба веднаш да се укине, а американските војници треба веднаш да се вратат во својата татковина…

Голем број на воени ветерани и војници во пензија бараат да се стави крај на американските воени интервенции во светот и да се прекине со НАТО влијанието, се’ до негово расформирање! Доколку победи Хилари Клинтон, САД ја очекува деценија на војни и нестабилност!“

Ние би додале: Љубовта кон своите не значи омраза кон другите! Ако не те сакам, не значи дека те мразам! Ако не сум со тебе, не значи дека сум против тебе! Само тој што ги сака своите, може да ги сака и останатите! Тој што ги мрази своите, ги мрази сите!

Сакајте ја Македонија, да и’ го вратиме достоинството, да си го вратиме името на државата Македонија и идентитетот на нацијата Македонска!

Со сите разлики меѓу нас Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички содржател!

Со Македонија не’ има, без Македонија сите заедно ќе не (с)нема! Само Македонија, никогаш северна! Македонија вечна од исконот до бескрајот!

Сите Македонци еден за друг! Да живее Македонија!

Пишува: Тодор Петров

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Народна банка не сака да остави ништо на случајот и во дадениот момент се јавува како тотален егзекутор на Еуростандард банка, вели Костовски.

ЗАЕВ ДА СИ ДАДЕ ОСТАВКА, Трифун Костовски се сврте против Заев!

Замислете, во Одборот на доверители при стечајот на Еуростандард банка е влезена и...

СМК смета дека Македонија треба веднаш и безрезервно да ги прекине разговорите со Бугарија по овие прашања, како што СДСМ го бојкотираше референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа одржан на 7 ноември 2004 година, со слоганот “Некои прашања не заслужуваат одговор!

Македонија од држава ќе се претвори во територија без народ и историја, чии администратори ќе бидат Атина и Софија!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС! ОСУДА НА БУГАРСКОТО ВЕТО ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА! Светскиот...