Македонија
Економија
Мерката за бесцарински увоз на замрзнато месо за преработки истече на 5 јуни, а сопствениците на фабриките од месната индустрија бараат нејзино итно продолжување.
Тие велат дека без таа мерка нивното производство значително ќе поскапи, а ќе бидат принудени и да отпуштаат работници.
– Ако нема бесцарински увоз на замрзнато месо, во најкус период односно за 2 до 3 недели во зависност од тековните резерви, ќе мора да ги зголемиме цените за износот на царината, а тоа значи за 20 до 30 проценти. На подолг рок ќе следува и престанок со работа на некои од месопреработувачките капацитети – изјави Гоце Трајчев, претседател на Групацијата на производители и преработувачи на месо.
Министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на новинарско прашање, рече дека владата ќе го разгледа нивното барање и ќе се изјасни дали е оправдано продолжување на мерката!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Економија
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.