Салепот се препорачува за смирување на кашлица и ги ублажува болките во грлото.

Објавил: Едмонд Бекири | 18 февруари, 2022 7:57

Салеп вкусен напиток со неверојатни здравствени придобивки

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Нема ништо поубаво од чаша топло салеп со цимет, во вечерните часови, особено кога е студено. Инаку салепот е традиционален турски напиток кој има многу делотворни својства. Така на пример салепот се препорачува за смирување на кашлица и ги ублажува болките во грлото.

Содржи хранливи материи, скроб полисахарид наречен глукоманан. Брашното салеп се користи за пијалаци и десерти, посебно во земјите кои биле дел од Отоманското Царство.

Салепот станал популарен во средниот век со доаѓање на Арапите во Европа.

Инаку овој бел прав се добива со мелење на сушени луковици од планински орхидеи од родот на Orchis (Orchis mascula, Orchis militaris).

Доколку не знаете како се подготвува салепот еве еден едноставен рецепт:

Потребно ви се – 1000 мл вода, 150 грама шеќер, пет лажици салеп во прав, малку цимет.

Кога водата ќе зоврие, додадете го шеќерот и оставете да се вари уште малку, па потоа додадете го салепот. Варете на умерена температура додека да добиете густа течност. На готовата напивка додадете на крајот цимет кој воедно му дава прекрасен мирис на салепот.  Доволно е да додадете само четвртина лажичка цимет  и вашето тело ќе може да се избори со вируси и бактерии.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.