Серија научници од Бугарија и Македонија до крајот на ноември треба да одлучат чиј национален херој е кралот Самоил, информираат медиумите во Бугарија.
Средновековниот владетел е една од историските фигури за чија националност расправаат двете држава.
Бугарските новинари веќе лиферуваат информации од владини службеници дека Самоил е веќе одобрен за бугарска историска личност, додека расправија сега се води чиј би бил Гоце Делчев.
Ова во своја изјава го најави и премиерот Заев:
Можеби спорот за тоа чиј цар е Самоил ќе остане нерешен, ова е нашата заедничка европска историја. Кога се навраќаме кон историјата, подобро е да ги гледаме можностите за обединување. – изјави претходно премиерот, Зоран Заев.
За крајот на ноември е закажана третата средба меѓу научниците од двете земји.
Тие треба да направат целосен преглед на учебниците по историја во Бугарија и во Македонија.
Експертите во оваа фаза од разговорите се обидуваат да ги идентификуваат настаните и личностите кои се дел од заедничката историја на двете земји и кои ќе можат заедно да се чествуваат.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.