Шведска која не е членка на НАТО, има само 1 отсто население кое живее во сиромаштија или што би рекол Таки Фити, не ги искористиле странските инвестиции на Столтенберг

Објавил: Мирко Бачиќ | 18 октомври, 2018 8:35

Само еден отсто од населението во Шведска е сиромашно, а не се во НАТО

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Шведска има најнизок процент на луѓе кои живеат во сериозна сиромаштија, со околу еден отсто од населението кои припаѓаат во оваа категорија, според националната статистика.

На тој начин се доаѓа до бројка од 100.000 луѓе, што е далеку помалку од просекот на Европската унија што изнесува седум отсто.

„Кога се зборува за материјална сиромаштија, групата невработени е најголема, со осум отсто од нив кои живеат во сиромаштија“. – велат од статистика.

Живеење во сериозно материјално сиромаштво е дефинирано како да не сте во можност да си дозволите четири од девет работи кои го карактеризираат добриот квалитет на живот, како кирија, затоплување на домот, неочекувани трошоци, празници, и редовност на јадење месо или други протеини.

Во Шведска, процентот на сиромашни луѓе речиси една деценија останува околу еден процент.

Шведка е земја членка на Европската Унија но одби да биде земја членка на НАТО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Швајцарската влада сака да може подобро да ја контролира имиграцијата. Така економистот Рајнер Ајхенбергер доаѓа со провокативно барање: Секој што сака да се насели во Швајцарија ќе мора да плати.

Економист бара данок од 50.000 франци за сите кои сакаат да се преселат во Швајцарија

Високото ниво на имиграција во Швајцарија ги посгрева умовите на луѓето. Транспортната...