Една од најупотребуваните фрази е „Животот е еден“. Во таа фраза е содржана целата вистина за човековото постоење. Но веднаш откако ќе ја слушнете ова фраза, следува огромна и се чини неконечна листа на работи кои ТРЕБА да се направат, дури и ако тоа треба се однесува на – живеење по свој терк и правила.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 24 јануари, 2020 15:01

Само едно и неповторливо живеење во светот на многу „ТРЕБА“

Фото/Текст извор: ©магазин

Една од најупотребуваните фрази е „Животот е еден“. Во таа фраза е содржана целата вистина за човековото постоење. Но веднаш откако ќе ја слушнете ова фраза, следува огромна и се чини неконечна листа на работи кои ТРЕБА да се направат, дури и ако тоа треба се однесува на – живеење по свој терк и правила.

Различни видови на треба

Во зависност од тоа каква релација имате или стекнувате со другите, односот е заснован на многу треба. Глаголот добива различни значења во зависност од неговата примена или ефекти. Во продолжение, елаборација за значењата на глаголот „треба“.

Однос родител – дете

Ако сте нечиј родител, тогаш сте полни со кондиционални реченици и оние кои започнуваат со глаголот „треба“. На пример – треба да го однесам детето во градинка, треба да му купам новогодишен подарок, треба да го носам на балет и сл. Глаголот „треба“ во овој случај ја покажува обврската или должноста на родителот. Разликата помеѓу обврска и должност е тоа што обврска е надворешен или социјален конструкт, еден тип на конвенција и регулатива, додека должноста е морално движечко чувство поради кое дејствуваме на одреден начин. Секако има родители кои имаат обврски, родители кои чувствуваат должност, родители кои го имаат и едното и другото „треба“ и за жал оние кои го немаат ниту едното „треба“ од двете наведени.

Односот родител-дете и дете-родител е заснован на огромна листа од „треба“. Прашањето е колку може да биде чист и искрен односот ако е зачнат макар и на едно „треба“?

Однос дете-родител

Сите сме нечие дете, а родителите секогаш имаат барања од своите деца. Децата треба да се одлични ученици, примерни, да бидат успешни, да изградат свои фамилии, да не пијат, не пушат цигари и … листа на желби до бесконечност. Родителите знаат да бидат бескрупулозни во своите барања и покрај неизмерната љубов кон своите деца. Нивните неконтролирани барања и нулта разбирање се услов за фрустрации, несигурности, лабилности и луѓе опиени од идејата дали нивниот гест, поглед, говор и начин на издишување некому ќе му се допаднат.

Однос пријател – пријател

И покрај тоа што овој однос треба да е ослободен од какви било очекувања и барања бидејќи е целосно рамноправен и пријателите имаат „треба“ листа. Во зависност од тоа какво е пријателството имате, пријатели кои „треба“ заедно да излезат, или „треба“ да си позајмат пари, или „треба“ да си се најдат. А ретки се и оние кои имаат барања во форма на апстрактни вредности – како лојалност, приврзаност, пријателска топлина и разбирање.

Љубовен однос

Дефинитивно однос во кој има најмногу очекувања. Современиот концепт за љубов е сосема егоистички и сите очекуваме дека љубениот треба да ни го замени светот или барем да биде наша врата кон него, наше огледало и сл. Од егоистичкиот карактер на љубов произлегуваат сите љубоморни испади, партнерски контроли и поседнички карактер на однос.

Работен однос

И во овој тип на однос секој си има свои барања и очекувања, работодавецот има свои очекувања од работникот и обратно. Овој однос се заснова на правни акти и договори, па често „треба“ листата е регулирана и доброволно прифатена од двете засегнати страни.

Само треба да не треба да требаш она што во суштина не требаш и тоа е се!

Во морето од „треба“ односи ние живееме еден, неприкосновен и неповторлив случај наречен живот. Дури и оние – мотивациски говорници кои го дефинираат животот преку своите искуства и мудрости ќе ви наведат цела листа на работи кои „треба“ да ги правите за да се ослободите од теретот на „треба“ односите. Малку е апсурдно нели? Повторно се поставува прашањето како да бидам свој и оригинален без да треба да правам нешто посебно. Одговорот е сосема едноставен „треба“ е само едно зборче кое има свое номинално значење, но не и суштинско. Номиналното значење на овој глагол понира во свеста на субјектот, презема контрола над неговите поставки. Глаголот „треба“ не постои на друго место освен во свеста и чувството на обврзаност кај субјектот. Тоа е една голема илузија, затоа моќта на „треба“ престанува тогаш кога ќе сфатиме дека – Ништо ние не требаме, се постои само затоа што сакаме и даваме согласност да се случи нешто, да издејствуваме некако или да предизвикаме некакво движење и промена. Ништо не се подразбира и ништо не е дефинитивно освен промената, се е акт на волја која единствено треба да се исчисти од формата на „треба“. Звучам малку кантијански, но нејсе – само треба да не треба да требаш и тоа е се !

Автор: Магдалена Стојмановиќ 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Огромна е честа да се биде Македонец кога ќе се прочитаат критиките што женевските медиуми ги испишаа за настапот на македонската оперска дива Ана Дурловски.

Ана Дурловски во Женева: Нејзината драматична интерпретација беше беспрекорна

Огромна е честа да се биде Македонец кога ќе се прочитаат критиките што женевските...

Изненадување. Директно од изворот. Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“. Во случајот кои се тие „нив“? Најслаткиот подарок и најчистата приказна.

Холивудската ѕвезда од Атиџе доби МЕД: Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“

Легендарната холивудската актерка Џејми Ли Кертис на својот Инстаграм се пофали дека...

Почестени сме што бевме номинирани покрај овие одлични филмаџии со смели приказни кои им се обраќаат на луѓето од целиот свет, на универзалниот јазик на кинематографијата.

Се огласи тимот на “Медена земја”: Ви благодариме што верувавте во нас – Атиџе ни беше ѕвезда водилка

Македонскиот документарец „Медена земја“ не освои Оскар во двете категории во кои...