Поразителни се податоците на Државната изборна комисија, кои говорат дека 1 час пред затворање на гласачките места само во една општина е постигнат цензусот

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 18:38

Само Сарај го “исполни” цензусот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Најголема излезност на референдумот до 17 часот има во Општина Сарај, каде што на гласање излегле скоро 17 илјади гласачи, односно над 54 отсто од запишаните избирачи.

Во Липково гласале над 41 отсто од избирачите, во Центар над 40 отсто, а во Карпош и во Арачиново над 38 отсто од регистрираните избирачи, информираат од Државната изборна комисија.

Најмала излезност има во Општина Ново Село, каде што до 17 часот на гласање излегле над 1.500 луѓе, односно под 14 отсто од регистрираните избирачи.

Во Илинден гласале 14,47 отсто од избирачите, а во Могила и во Старо Нагоричане гласале над 16 отсто од избирачите.

Излезноста на референдумот до 17 часот била 28.83 проценти од гласачите, односно на гласање излегле 455.771 од регистрираните над 1.8 милиони гласачи, соопшти претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Ова се податоци од обработени 87.25 од гласачките места.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...