ЗЕЛС и Финансии

Објавил: Калина Мартинска | 7 февруари, 2025 17:56

Само со силен партнерски однос со централната власт до посилни општини

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Како, до поголема финансиска стабилност на општините и зголемена енергетска ефикасност, на институциите? Ова беа, главните теми, на кои попладнето во просториите на „ЗЕЛС“ разговараа градоначалниците и министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска. Овој состанок произлегува од меморандумот за разбирање кој ЗЕЛС и владата го потпишаа лани во август. Двете страни се согласни дека општините имаат потреба од зголемени блок и наменски дотации.

Претседателот на „ЗЕЛС“ Орце Ѓорѓиевски рече дека со засилен партнерски однос, со централната власт, општините, можат да бидат посилни и посамостојни. Министерката Кочоска изрази отвореност за соработка во сите сфери што ги засегаат општините, како и подготвеност за изнаоѓање заеднички решенија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.