Една недела затворени

Објавил: Калина Мартинска | 24 мај, 2024 16:09

Само три хируршки сали се активни во Клиничкиот центар

Фото/Текст извор: ©kanal5.mk

Три хируршки сали се оспособени за работа во хируршкиот блок при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Според информациите на Канал 5 во трите сали во моментов се извршуваат само исклучително итни операции. Останатите сали веќе 7ми ден се затворени, поради ширеење на непријатна миризба. Вработените и натаму не знаат кога салите ќе се вратат во функција, а од министреството за здравство втор ден молк.

Нема одговори на прашањата дали проблемот е надминат, кога повотрно би се ставиле во функција сите хируршки сали и која беше причината за нивното затворање. Од она што досега е познато е дека надзор на хирургија направија и инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, но оттаму велат немаат ингеренции да постпауваат понатаму освен да го информираат министерстрвото за фактичката состојба и непријатната миризба во блокот. Тие упатија апел до надлежните служби да го решат проблемот.

Пацинетите кои не се третираат како итни слуачи се препраќаат во другите здравствени установи во метрополата. Директорот на клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, Љубен Арсенков за канал 5 вели изминатава недела имаат зголемен број на пацинети, и се прават сите напори никој да не биде изоставен.

А истполнети се речиси и сите капацитети во ГОБ 8 Септември.

„Во последната недела зголемена е фреквенцијата особено во ургентниот центар каде скоро е дуплиран бројот на пацинети кои доаѓаат. Исто така сите оддели особено хируршките се полни со по некој прекуброен кревет се со цел да бидат згрижени сите пациенти.“- Христијан Костов – директор на ГОБ 8ми Септември

Сличен проблем во хируршкиот блок при комплексот клиники „Мајка Тереза“ имапе и минатитот месец, но тогаш салите не беа во функција само два дена, а хирурзите тогаш реагираа дека тоа се случува прв пат во историјата на македонското здравство, и дека таквите проблеми мора веднаш да се надминат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Постапка за оценување на стажот на јавните обвинители додека се членови на Советот на јавни обвинители – Уставен ја прифати иницијативата на обвинителката Ристовска

Уставен поведе постапка: На скандалозен начин се унапредувале обвинители

Уставниот суд смета дека Советот на јавни обвинители вршел дискриминација на обвинителите....