Според Државниот завод за статистика, раст на платата најмногу има во ИТ индустријата и фармацијата, но вработените во голем број дејности земаат плати под просекот.

Објавил: Владо Марин | 31 јули, 2021 17:20

Само 35% од вработените во Македонија земаат плата над просечната

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Само 35 проценти од вработените граѓани во Македонија земаат плата над просечната која изнесува 28.721 денари.

Според Државниот завод за статистика, раст на платата најмногу има во ИТ индустријата и фармацијата, но вработените во голем број дејности земаат плати под просекот.

Податоците велат дека текстилната и кожарската индустрија и натаму се со најниски плати кои во просек изнесуваат 17.570 денари.

По нив, следуваат платите во рестораните, кафулињата и други дејности поврзани со храна, каде месечните примања се движат околу 18.780 денари.

Додека пак на вработените во образованието, во уметноста, или во производството на прехрамбени производи платите им се движат од 20 до 27 илјади денари.

Според ДЗС, платите во производство на облека и кожа се 17.570 денари, дејности за подготовка на оброци и служење храна – 18.780 денари, туристички агенции – 19058 денари, производство на прехрамбени производи – 22.481 денари, уметност, забава и рекреација – 26.969 денари, образование – 27.736 денари!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Според ОЕЦД, на земјава треба да ѝ се честита за усвојувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија и на Кодексот на добри практики за финансиска едукација.

Народната банка со највисока доверба во регионот

Во Македонија, повеќе од каде било во регионот, граѓаните имаат доверба во централната...

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2021 година, изнесува 1 448 311 000евра.Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јули 2021 година, изнесува 73,4 отсто.

ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА 9,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, НО УВОЗОТ СЕ УШТЕ ПОГОЛЕМ ОД ИЗВОЗОТ ЗА 1,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Трговската размена во периодот јануари – јули 2021 година изнесува 9 440 427 000 евра, соопшти...

Околу 30 милиони евра инвестиција ќе бидат вложени во изградба на современ објект во кој ќе се произведуваат лесни профили за автомобилската индустрија. Планирано е фабриката да се изгради на површина од 80 илјади квадратни метри и да почне со работа од следната година.

НАД 70 РАБОТНИ МЕСТА И БРУТО ПЛАТИ ОД 2.000 ЕВРА СО НОВАТА ИНВЕСТИЦИЈА НА „АЛМАК“ И „ДУРА АУТОМОТИВ СИСТЕМС“

Јужнокорејската компанија „Алмак“ и американската компанија „Дура аутомотив системс“...

Најмногу средства ќе добијат организаторите на прослави. Експертите велат помош треба да има, но сега не е вистински момент да се доделуваат овие пари.

Владата одобри помош за рестораните, туристичките агенции и дискотеките

Владата одобри милиони евра помош за над 100 ресторани за свадби, 17 ноќни клубови и за...