понеделник, 22 јули 2019

MK/ EN/ DE



Според податоците од ФЗОМ, во2018 година само 44 мажи ја искористиле можноста да земат породилно отсуство. Најмногу 18 се од Скопје, 5 од Велес, 4 од Струмица.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 април, 2019 11:03

Само 44 татковци искористиле право на породилно отсуство- ќе се надминат ли стереотипите во Македонија?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Покрај мајката, право на породилно отсуство имаат и татковците кое е 100 процентно платено, но по се изгледа кај нас се уште е табу тема породилното отсуство на мажите.

Според податоците од ФЗОМ, во2018 година само 44 мажи ја искористиле можноста да земат породилно отсуство. Најмногу 18 се од Скопје, 5 од Велес, 4 од Струмица.

Бројката е мала и претходните години. Во 2017, 79 татковци користеле ваков надоместок, во  2016 – 54, 2015- 29, 2014 – 14, 2013 – 16, 2012 – 19.

Да ги надминат стереотипите и да ја преземат обврската им порачува Виктор на татковците што се двоумат дали да ја заменат мајката на боледувањето.

Виктор Николовски е татко на породилно отсуство кој јавно зборува за тоа колку е прекрасно да го чуваш своето дете додека тоа расте.

Тој за порталот Деца.мк изјави дека за него породилното отсуство е супер искуство. Виктор јавно ги охрабрува мажите да го следат неговиот чекор.

„Ќе сфатат дека никогаш не направиле нешто подобро за себе, за детето, а и за сопругата. Истовремено, ќе добијат вистинска слика за тоа како се чувствуваат нивните сопруги додека секојдневно се справуваат со сопствените деца“, им порачува Виктор на татковците кои се двоумат дали да искористат платено отсуство од работа наместо мајките, изјави Виктор за Деца.мк

Инаку пред 10 години и во Македонија беше покрената иницијатива и татковците заедно со мајките 2 месеци по добивањето бебе да седат дома и да добиваат пари од државата, но поради антикризните мерки ова не се реализираше.

Според неофицијални информации на Курир, во Министерството за труд и социјала повторно се подготвуваат измени во законот за работни односи, но засега нема конкретна информација дали и земјава ќе го следи примерот на многу европски држави и колку време и двајцата родители ќе можат да користат породилно и заедно да се грижат за новороденчето.

За разлика од кај нас во Исланд дури 95 проценти од мажите биле на породилно, во Шветска 85 отсто, а во Германија 15 насто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Ги повикувам Саше Ивановски Политико и Миленко Неделковски да ја објават наводната видео или аудио снимка (што ја поседувал Миленко демек), во која Орце Камчев ми дава 25.000 евра во кеш.

ГЕРОСКИ НАЈАВУВА ТУЖБА: Миленко Неделковски има “ВИДЕО” каде Камчев му дава на Героски 25.000 евра во кеш?

Новинарот Бранко Героски вечерва на социјалните мрежи ги повика Саше Ивановски Политико...

Кој го овласти премиерот сам да избира шеф на некое ново обвинителство, прашува Каракамишева.

КАРАКАМИШЕВА: “Заев ја избра Русковска за шеф на СЈО, БЕЗ ОКО ДА МУ ТРЕПНЕ, НИ ВЕЃА ДА МУ МРДНЕ”

Со новото законско решение, СЈО со обвинителите ќе функционираат во рамки на обвинителството...

Обвинителството на 15. месецов отвори истрага против лицата Б.Ј и З.М, кои ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Првоосомничениот Б.Ј го товари и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. Двајцата осомничени тргувале со влијание, убедувајќи луѓе кои се дел од истражна постапка дека се моќни кај јавен обвинител. 

КЛОПЧЕТО СЕ ОДМОТУВА: Запленет глисер во сопственост на второосомничениот во „Рекет“

По налог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција...

Jас го пренесов мојот став и не ми е воопшто тешко тоа да го кажам сега и јавно, дека ако е тоа проблем, јас се сомневам дека тоа е причината дека јас зад помирувањето гледам амнестија за Заев и неговите, ако е тоа потребно, можам и јавно да кажам дека немам никаква намера и денес и во следните пет години да го амнестирам Зоран Заев ако направил криминал и кого било од неговите блиски соработници во партијата или во Владата ако направиле криминал. Тоа можам да го кажам и да се држам до тоа до крајот на мандатот – вели Пендаровски.

Пендаровски: Немам намера да го амнестирам Заев ако направил криминал

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Слободна Европа зборуваше за тоа дека...


Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial