
Спорт
Фудбал
Лоша вест за Вардарци и нивните големи фанови. Сергеј Самсоненко овој пат дефинитивно се повлекува од клубот.
Во април 2019 година Сампсоненко најави дека си заминува од клубот.
Добив премногу ветувања дека за кратко ќе добијам помош за ракометот, но еве веќе како што напоменав измина и седмата година и таа помош ја нема.Ова е причината поради која јас од следната сезона не сум во можност да продолжам со финансирањето на ракометниот клуб Вардаррече тогаш Сампсоненко.

Вчера на фудбалерите во Анталија тој им ја соопштил веста дека заминува. Со зборовите Готово е! Сергеј Самсоненко ги известил фудбалерите дека се повлекува од фудбалскиот клуб Вардар.
Фудбалерите оваа вест ја прифатија со солзи во очите, не знаејќи во чии раце сега ќе биде нивната иднина, пренесува порталот Спорт Медиа.
Играчите веднаш побарале враќање во Скопје, и решавање на потанатамошната нивна судбина.
Според шпекулации, ваквата одлука на Самсоненко е поради проблемите кои ги имаше спонзорот Самсоненко околу спорни случаи, политичките игри, и немањето поддршка од државата. Минатата година во април Самсоненко ги замоли сите бизнисмени кои се во можност да помогнат околу финансирање на клубот.
Се уште Самсоненко не дал официјално изјава за тоа што понатаму со ракоемтниот клуб Вардар.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.