Освоивме 3 титули во ПМФЛ и успеавме да се пласираме во Лига Европа во 2017 година , пласман кој ќе остане запаметен во спортската историја на државата

Објавил: Перо Милчин | 15 мај, 2020 20:41

САМСОНЕНКО ОФИЦИЈАЛНО СЕ ЗБОГУВА ОД ВАРДАР: Го оставам клубот на Град Скопје- Ви благодарам за се!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Сергеј Самсоненко преку соопштение на интернет страницата на ФК Вардар, објави дека поради финансиски тешкотии се повлекува од клубот и го враќа Вардар на град Скопје. Во соопштението вели дека и дополнителни потешкотии во финансирањето се создале и поради пандемијата на Ковид – 19 од која сериозно е погоден целиот свет. 

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и официјално преку соопштение поради финансиски тешкотии се повлече од ФК Вардар. Тој вели дека ќе ги преземе сите веќе достасани обврски на клубот со цел да го отвори патот за новите, идни инвеститори кои искрено посакува и се надева дека ќе успеат во иднина да го задржат успешното функционирање и реномето на клубот кој бил изграден во изминативе години.

Почитувани,

Со превземањето на АД ФК Вардар Скопје во 2014 започнавме со реализирање на визијата да изградиме респектабилен и успешен фудбалски клуб. Со вложување на значајни финансиски средства, огромен труд и енергија во изминатите 6 години се стремевме кон остварување на врвни спортски резултати.
Освоивме 3 титули во ПМФЛ и успеавме да се пласираме во Лига Европа во 2017 година , пласман кој ќе остане запаметен во спортската историја на државата.

Пред нас беше и освојувањето на четвртата титула во домашното фудбалско првенство.
Но, наспроти нашиот труд и посветеност беа и потешкотиите за одржување на клубот од финансиски аспект со кои јас лично, секојдневно веќе втора година се соочувам.

Во неколку наврати ја информиравме и јавноста дека финансирањето на клубот претставува голем товар и дека истиот е многу тешко да се издржи бидејќи бев директно погоден финансиски со обидот за нелегално и криминално преземање на мојот објект во градба во центарот на Скопје кој требаше да биде главна финансиска поткрепа на спортските колективи.

Во неколку наврати ја информиравме и јавноста дека финансирањето на клубот претставува голем товар и дека истиот е многу тешко да се издржи бидејќи бев директно погоден финансиски со обидот за нелегално и криминално преземање на мојот објект во градба во центарот на Скопје кој требаше да биде главна финансиска поткрепа на спортските колективи.

Правната постапка за спорот е во тек, искрено се надевам и верувам во надлежните институции кои треба да ја докажат правдата и се надевам на позитивна разврска на целиот случај. Покрај тоа, дополнителни потешкотии во финансирањето се создадоа и поради пандемијата на Ковид – 19 од која сериозно е погоден целиот свет.
Поради овие причини кои веќе се надвор од моја моќ и контрола не сум повеќе во можност да ги исполнувам финансиските обврски и со цел да ја заштитам иднината на еден од најголемите спортски брендови ФК Вардар принуден сум да го вратам овој клуб на Град Скопје.

Искрено верував во својата визија и во визијата на сите играчи на клубот, во сите тешки моменти не водеше љубовта кон спортот и желбата за постигнување на нови успеси.

Заедно постигнавме многу, но за жал околностите се такви што јас морам принудно да се повлечам од оваа приказна. Воедно, ја информирам јавноста дека ги преземам сите веќе достасани обврски на клубот со цел да го отворам патот за новите, идни инвеститори кои искрено посакувам и се надевам дека ќе успеат во иднина да го задржат успешното функционирање и реномето на клубот кои ние го изградивме во изминативе години.

Спортски поздрав,
Сергеј Самсоненко

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Во текот на кариерата, Донезете играше за солиден број на клубови, а најголем успех оствари со Сао Паоло во 2005 година кога стана светски шампион, кога го победија Ливерпул со 1;0.

ШОКАНТНО ПРИЗНАНИЕ НА ПОЗНАТИОТ ФУДБАЛЕР: Продадов златен медал за да купам – кокаин!

Шокантна исповед на поранешниот бразилски фудбалер Флавио Донизете се појави во јавноста,...

Ако се земе предвид дека Гатузо заработува 125.000 евра месечно и невозможно е да се знае кога ќе заврши сезоната поради коронавирусот, јасно е дека тој се откажал од вистинско богатство.

Гатузо ја расплака Италија- се откажа од богатство за да не им се намали платата на вработените во клубот!

Џенаро Гатузо, тренер на Наполи и легенда на италијанскиот фудбал, ја воодушеви својата...

Администрацијата на Тотенхем, чиј стадион е еден од најмодерните во светот, разговараше со официјалните лица за употребата на стадионот.

ПОТЕГ ЗА ПРИМЕР: Тотенхем го понуди својот стадион на здравствените работници за борба против Коронавирусот!

Фудбалскиот клуб Тотенхем го понуди својот стадион на здравствените власти да помогнат...